Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна манастирска црква на Магаревскиот манастир во битолското село Магарево, Македонија.
Црквата се наоѓа во непосредна близина на импозантната црква „Св. Димитриј“. Таа е остаток од некогашниот Магаревски манастир, женски манастир, кој постоел на тоа место.
Местоположба
Црквата се наоѓа јужно од селото, во непосредна близина на црквата „Св. Димитриј“, од каде започнува и земјен пат кој води до оваа црква.
Историја
мини|300п|лево|Црквата на грчка поштенска марка од почетокот на век
Црквата била подигната во 1871 година, но за време на Првата светска војна била уништена сосе манастирските конаци, бидејќи селото Магарево се наоѓало на фронтовската линија.Свети Ѓорѓи во Магарево на семрежното место на Битола инфо
На црквата биле изведувани помали интервенции, при што бил променет подот со керамички плочки, бил дограден трем на јужната страна, била извршена надградба на камбаријата над нартексот и галеријата и била препокриена со ќерамиди.
Архитектура
Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и камбанарија на западниот дел.
Градбата на црквата е во лоша состојба и во 2022 година биле забележани конструктивни пукнатини на апсидата и источниот ѕид, како и конструктивно отклонување на камбанаријата, поради што е потребно да се изведе санација.
Иконостас
Денешниот иконостас и иконите потекнуваат од поново време.
Галерија
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Кукуречанска парохија Магарево
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Магарево