На 9 март 2020 година, владата на Италија под премиерот Џузепе Конте воведе национален карантин, ограничувајќи го движењето на населението освен при неопходност, работа и здравствени околности како одговор на брзото ширење на COVID-19 во земјата. Дополнителните ограничувања на карантинот наложуваат привремено затворање на несуштински продавници и деловни активности. На ова му проследи претходното ограничување, објавено претходниот ден, кое зафати шеснаесет милиони луѓе и го вклучуваше регионот Ломбардија и четиринаесет провинции во регионите Емилија-Ромања, Венето, Пиемонте и Марке, а пред тоа, кон крајот на февруари, ограбичувањето опфати помал број, т.е единаесет општини во провинцијата Лоди.
Заднина По брзото ширење на коронавирусот од 2019 година што започна во Вухан, Хубеј, Кина, на 30 јануари 2020 година, италијанската влада ги потврди првите случаи на оваа болест во земјата, кога вирусот беше откриен кај двајца кинески туристи коишто ја посетиле Италија. Третиот случај беше потврден на 7 февруари, при што пациентот беше Италијанец евакуиран од Вухан. Бројот на потврдени случаи порасна на 21 февруари, кога заразата со оваа болест беше потврдена кај шеснаесет лица во Ломбардија и Венето. По првите два смртни случаи на заболени од ворусов, неколку градови во Ломбардија се ставија под карантин поради големиот број заразени пациенти во регионот.
Историја
Прв карантин десно|мини|250x250пкс| Карта на провинцијата Лоди што ги прикажува општините под карантин пред проширувањето на зоната Првите воведувања на карантин започнаа околу 21 февруари 2020 година, опфаќајќи единаесет општини во ломбардијската провинција Лоди и зафатија околу 50.000 луѓе. Епицентарот беше градот Кодоњо (16 000 луѓе), при што полициските автомобили ги блокираа патишта кои водат кон областите под карантин и подигнаа бариери на патиштата. „Црвената зона“ (зона роса) под карантин првично беше спроведена од полицијата и карабињерите, а на 27 февруари беше објавено дека 400 полицајци ја чуваат со 35 контролни станици. Вонредната состојба првично требаше да трае до 6 март. Иако на жителите им беше дозволено да ги напуштаат своите домови за да внесат материјали, како храна и лекови, им беше забрането да одат на училиште или на работа, а забранети беа и јавните собири. Железничкиот транспорт, исто така, беше прекинат во регионот.
Проширување во северните провинции Утрината на 8 март ден недела 2020 година, италијанскиот премиер Џузепе Конте најави проширување на карантинската зона со цел таа да опфати поголем дел од северна Италија, зафаќајќи над шеснаесет милиони луѓе, ограничувајќи го патувањето од, до и во погодените области, забранувајќи погреби и културни настани и барајќи од луѓето да држат барем еден метар растојание едни од други на јавни места како што се ресторани, храмови и супермаркети. Конте подоцна на прес-конференција појасни дека одлуката не е „апсолутна забрана“ и дека луѓето сепак ќе можат да патуваат со возови и авиони до и од регионот при „оправдани работни потреби, вонредни состојби или здравствени причини“. Покрај тоа, на туристите однадвор сè уште им беше дозволено да ја напуштат областа.
Рестораните и кафичите сè уште можеа да работат, но работното време им беше ограничено од 6 до 18 часот, додека многу други јавни места како спортски сали, ноќни клубови, музеи и базени беа целосно затворени. На бизнисите им беше наредено да спроведат „паметни работни процеси“ за да им овозможат на своите вработени да работат од дома. Со Указот (Декрет), на сила од 3 април, дополнително им се откажаа сите отсуства на медицинските работници, а владата пак воведе парични казни или затворски, во траење до три месеци, за лицата фатени како излегуваат или влегуваат во погодената зона, без дозвола. Со Указот, исто така се ограничија јавните собири на други места, низ цела Италија. Со оваа одлука исто така беше укината и првичната „Црвена зона“ (иако општините останаа во рамките на карантираното подрачје).
Мерките за национален карантин спроведени од страна на Италија се сметаат за најдрастична мерка спроведена против проширувањето на вирусот, надвор од мерките за национален карантин спроведени во Кина . Во времето на донесување на декретот (Одлуката), во Италија биле потврдени над 5.800 случаи на коронавирус и 233 жртви. Нацртот на Декретот, пред да влезе во сила, им беше претставен на медиумите доцна во саботата навечер, а истиот беше објавен и во весникот Кориере дела Сера, што предизвика паника во рамките на областите под карантин и реакции од политичарите во регионот. Ла Република објави дека стотици луѓе во Милано побрзаа да го напуштат градот со последните возови во саботата навечер, како дел од панично бегање од црвената зона. Но, неколку часа по потпишувањето на Указот медиумите објавија дека имало релативно малку промени, а возовите и авионите сè уште редовно ќе се обраќале до и од регионот, а рестораните и кафичите ќе работеле нормално. Би-Би-Си објави дека некои летови кон Милано продолжиле на 8 март, иако многу од нив биле откажани. Новите упатства против коронавирусот им ја префрлија одговорноста на локалните судови при одлучување дали авионскиот превоз треба да се прекине. десно|мини|390x390пкс| Области под карантин на 8 март +Провинции под карантин, 8 март Провинција Регион Население Алесандрија Пиемонт 420,017 Асти Пиемонт 214.342 Бергамо Ломбардија 1.115.536 Бреша Ломбардија 1.265.954 Комо Ломбардија 599.204 Кремона Ломбардија 358.955 Леко Ломбардија 337.380 Лоди Ломбардија 230.198 Мантова Ломбардија 411,958 Милано Ломбардија 3.263.206 Модена Емилија-Ромања 705.422 Монца и Бријанза Ломбардија 875.769 Новара Пиемонте 368.607 Падова Венето 938,957 Парма Емилија-Ромања 452.022 Павија Ломбардија 545.888 Песаро и Урбино Марке 358.886 Пјаченца Емилија-Ромања 287.152 Реџо Емилија Емилија-Ромања 531.891 Римини Емилија-Ромања 339.437 Сондрио Ломбардија 180.811 Тревизо Венето 888.229 Варезе Ломбардија 890.768 Венеција Венето 857.841 Вербано-Кусио-Осола Пиемонте 157.844 Верчели Пиемонте 170.229 Вкупно во карантин 16.466.636 Територијата под карантин, заклучно со 8 март 2020 година, го опфати целиот регион на Ломбардија, вклучувајќи и четиринаесет провинции во Пиемонте, Венето, Емилија-Ромања и Марке. Оваа територија, меѓудругото, ги вклучува градовите Милано и Венеција, а се состои од три одделни региони (регионот на Ломбардија, регионот на Венеција и останатата зона околу Сан Марино). Погодената област е населена со над шеснаесет милиони луѓе, околу една четвртина од италијанското население. Областите под карантин зафатија површина од околу 56,000 км2
Национално проширување на карантинот Вечерта на 9 март, карантинските мерки беа проширени во целата земја, стапувајќи на сила веќе од следниот ден. Во телевизиското обраќање, премиерот Конте објасни дека со ваквите мерки на владата на граѓаните ќе им се забрани да патуваат, освен ако тоа е нужно за вршење работа или при семејни вонредни состојби, а сите спортски настани ќе бидат откажани. Италија беше првата земја што воведе национален карантин како одговор на појавата на коронавирус во 2020 година.
Премиерот на Италија Џузепе Конте на 11 март објави дека ќе се воведат построги правила, со затворање на сите трговски и малопродажни бизниси, освен оние што обезбедуваат основни услуги, како прехранбени продавници и аптеки.
Лујџи Ди Мајо, министерот за надворешни работи, изјави дека националниот карантин е неопходен за Италија. Италијанските власти воведоа санкции за оние што нема да ги почитуваат одлуките, дури и оние кои со симптоми на вирус, се изложуваат на јавни места, ќе ги сметаат како закана за ширење зараза со намера.
Ефект врз Македонија Проширувањето на вирусот COVID-19 во Македонија е непосредно поврзано со неговата појава во Италија. Првиот случај во Македонија, регистриран на 26 февруари е кај пациентка која се враќала од патување во Италија, а и сопружниците од Центар Жупа, со кои се поврзани речиси сите случаи во областа на Дебар/Центар Жупа, се повратници од Италија.
Наводи
Категорија:Пандемија на КОВИД-19 во Италија