десно|мини|267x267пкс| Жена од културата Маме. Таа живее во Павенкул Ехидо, општина Тапачула, Чијапас, Мексико Народот Мам или Мамите се домородни луѓе во западните висорамнини на Гватемала и во југозападно Мексико кои зборуваат на мамскиот јазик.
Повеќето Мами (617.1171) живеат во Гватемала, во департманите Хуехуетенанго, Сан Маркос и Куецалтенанго. Мамите во Мексико (23.632) живеат главно во регионот Соконуско на Чијапас.
Во пред-колумбиското време, Мамите биле дел од цивилизацијата на Маите; пред-колумбиската престолнина на кралството Мам било Закулеу .
Многу Мами живеат во и околу блискиот модерен град Хуехетенанго. Градот Куецалтенаго или Шела првично бил мамски. Уште многу Мами живеат во малита пасишта на планините на северна Гватемала, чувајќи многу од нивните домородни традиции. Многу Мами се двојазични и зборуваат и на шпански, како и на мамскиот јазик, дел од семејството на мајанските јазици, а вториот обично како прв јазик.
Поврзано
Текун Уман
Наводи
Надворешни врски
Традиционална Мајанска коњска трка за празникот Тодос Сантош Мам Два крста на Тодос Сантос Антрополошка студија за селото се фокусира на верски ритуал
Категорија:Мезоамерикански култури Категорија:Страници со застарена синтакса за слики