Кинтана Ро или официјално Слободна и суверена држава на Кинтана Ро () — една од 32-те Сојузни држави во Мексико. Кинтана Ро е поделена во 11 општини, а главен град е Четумал.

Кинтана Ро се наоѓа на источниот дел на полуостровот Јукатан и се граничи со државите Кампече на запад и Јукатан на северозапад, а со окрузите Оринџ Валк и Коросал во Белиз, заедно со оф-шор границата со округот Белиз до југ. Како најисточна држава во Мексико, Кинтана Ро има крајбрежје на исток со Карипското Море и на север со Мексиканскиот Залив Државата претходно покривала 44.705 квадратни километри и делела мала граница со Гватемала на југозападниот дел на државата. Сепак, во 2013 година, Врховниот суд на Мексико го решил граничниот спор помеѓу Кинтана Ро, Кампече и Јукатин, што произлегол од создавањето на општината Калакмул во 1997 година.

Во Кинтана Ро се наоѓа градот Канкун, островите Косумел и Исла Мујерес и градовите Бакалар, Плаја дел Кармен и Акумал.

Националното население се шири со брза стапка, како резултат на изградбата на хотели и побарувачката за работници. Многу мигранти доаѓаат од Јукатан, Кампече, Табаско и Веракрус. Државата честопати е погодена од сериозни урагани поради изложената местоположба, а од најновите и најтешкиот бил ураганот Дин во 2007 година, чија брзина на ветерот од 280 км на час предизвикал големи штети. мини

Наводи

Надворешни врски

Quintana Roo State Government

Категорија:Сојузни држави во Мексико Категорија:Држави и територии настанати во 1974 година