Декрет (или указУказ. Дигитален речник на македонски јазик) (од латински: decretum, decerno = „пресудено“) е наредба, одлука или указ за именување или решение на власта по одредено прашање што се донесува од повисокиот ранг на власт (претседател или ресоирен министер). Во најголем број земји што имаат пишан устав Декретот главно нема траен правен карактер зашто не се носи во парламентот туку е привремена мерка на власта.

Декрет во генерална смисла на зборот е право кое што обично му се доделува на шефот на државата (претседател на република или монарх), уредено според определена постапка (обично пропишана во устав). Има сила на закон. За овој концепт на одлучување, различни земји користат различни термини.

Декрет во смисла на органите на државната и локалната управа од понизок ранг се јавува во форма на уредба.

Најголем број држави избегнуваат да одлучуваат со укази без парламентарна постапка или без консултации со извршната и судската власт зашто ваквото пропишување на правила се смета за недемократско законско решение. Обично декретите се носат при вонредни состојби од типот на воена или кризна состојба, епидемии, пандемии или временски катастрофи и непогоди. Во Македонија овој институт само неколкупати е употребен спротивно на желбата на мнозинстово пратеници на Македонското Собранието. Во еден случај Претседателот Иванов потпиша Указ (Одлука) за помилување на затвореници при што се оценуваше уставноста на неговота одлукаИВАНОВ НЕМАЛ ПРАВНА МОЖНОСТ ДА ПОМИЛУВА – ВЛАДАТА УСВОИ МИСЛЕЊЕ ЗА АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 11 ОД ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ, 3 декември 2019 г.. Тој пред истекот на својот мандат и откога партијата чиј кандидат беше самиот тој, ги загуби изборите, одбиваше да ги потпише указите за прогласување на 21 закон.https://kanal5.com.mk/pretsedatelot-pendarovski-potpisha-ukazi-za-proglasuvanje-na-21-zakon/a376731 Претседателот Црвенковски, исто така аболицираше со указ осомничени за сторени дела, но овој негов потег не заврши со официјална постапка од страна на власта и мнозинството пратеници. Прв што потпиша контроверзен указ (Одлука), повторно за аболиција на еден бивш министер за внатрешни работи, беше претстедателот Трајковски Указ. Дигитален речник н https://meta.mk/site-abolitsii-vo-nezavisna-makedonija-ivanov-gi-nadmina-trajkovski-i-tsrvenkovski/а македонски јазик . Претседателот Пендаровски ги потпиша сите укази што Претседателот Иванов одбиваше да ги потпише и одреден број други укази, меѓу кои е и Указот за Северноатланскиот договор, со кој Македонија станува членка на НАТО. Во македонската држава главно укази се потпишуваат од страна на Претседателот на Републиката при прогласување на законите изгалсани во Собраниетоhttps://www.wipo.int/edocs/lexdocs/laws/mk/mk/mk014mk.pdf и назначување на амбасадори по предлог на владата.

Ова изгледа само како церемонијална улога на Претседателот кој според Член 75 и 84 треба да ја гарантира законитоста во овие две постапки, но наспроти тоа постојат уште неколку случаи кога одредени претседатели не ги потпишуваа указите за назначување амабасадори на Македонија во други земји, или не потпишуваа укази за прогласување на закониhttps://akademik.mk/pretsedatelot-ivanov-ne-go-potpisha-zakonot-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/. Во сите случаи претседателите наоѓаа изговор за непотпишување на указите зошто наводно со тоа ги штитат интересите на државата, но се чини дека главна причина за нивното непотпишување е политичкото мислење на партиите што ги предлагаа за кандидати за претседател. Во историјата на независна Македонија сѐ уште немало ситуација на прогласување воена состојба на целата територија, така што не постои пракса на сите нивоа на државната управа, за тоа сѐ што може да биде предмет на одлука донесена со указ. По прогласувањето на пандемија со новиот корона вирус COVID-19, која што сè уште е во тек, и прогалсување вонредна состојба во Македонија на 18 март 2020 г.https://akademik.mk/pretsedatelot-pendarovski-proglasi-vonredna-sostojba/, останува нејасно прашањето кој вид уредби или итни закони од типот на укази или декрети ќе можат да се донесуваат, во време кога Собранието е распуштено и постои само техничка влада, која што треба да ги организира следните вонредни парламентарни избори. Претседателот Пендаровски сè уште нема потпишано указ што се однесува на вонредната состојба прогалсена по повод пандемијата на COVID-19. Вакавата вонредна состојба ја поттикна јавноста да бара од власта да донесе закон што ќе ги регулира итните или вонредните состојби и јасно да ги одреди улогите на сите нивоа на власта.

Во македонската држава органите на државната и локалната управа, од типот на ресорните министерства и општините, донесуваат еден вид декрети наречени Уредби, подзаконски акти со што подетално се регулираат постапките што веќе се уредени со некој закон. Основниот закон обично одредува дека ресорниот орган мора да донесе уредба за поблиско дефинирање на одредена материја, што законот ја пропишува. Уредбите (заедно со Одлуките и Правилниците на државната и локалната управа) можат да се обжалуваат пред Уставниот Суд. Уставниот суд решава околу законитоста на овие подзаконски акти и има изградена судска пракса што редовно ја објавува на своето мрежно место. Уредбите, одлуките и правилниците на ресорните министерства и општините честопати се предмет на претставки упатени од страна на граѓаните пред Уставниот суд бидејќи овие акти некогаш се користат за изнаоѓање дупки во основните закони за остварување на нечии интереси. Овој вид укази наречени Уредби најмногу наликуваат на француските ordonnance и на Ordinance од англосаксонското право.

Во други земји како што се САД, Претседателот редовно донесува еден вид декрети во форма на Извршните наредби , (иако декретите не се вистински наредби). Во англискиот јазик, „одлуки донесени со декрет“ се однесуваат на сите авторитарни одлуки.   Документите или архивите во форма на кралските декрети се донесуваат од кралските владетелите.

Декрети во други јурисдикции Белгија Во Белгија, указ е закон на заедницата или регионалниот парламент, на пр. Фламанскиот парламент.

Франција Зборот décret, буквално „декрет“, е стара правна норма во Франција и упатува на извршни наредби што ги носи францускиот претседател или премиерот . Секоја таква наредба не смее да го крши францускиот Устав или законот за граѓанска постапка, а странката има право да побара наредбата да биде поништена преку Францускиот државен совет . Наредбите ги ратификува францускиот Параламент пред истите да бидат изменети со законски акти. Специјалните наредби познати како décret-loi, буквално „декрет-акт“ или „закон за декрет“,"decree-law" in the Random House Dictionary."decree-law" in the Merriam-Webster Dictionary. обично се сметаа како недозволена пракса во периодот на Третата и Четвртата Република, а со Уставот од 1958 г. тие конечно беа укинати и заменети со Декрети (на француски: ordonnance).

Освен овластувањата на Претседателот да решава со декрет (како што е наведено во член 16 од Уставот 1958 година, на оваа одредба Претседателот на Франција досега само еднаш се повикал,) исто така и извршната власт може да решава со декрет во областите што за коишто Уставот одредува дека се овластување на Парламентот, само ако тоа е уредено со закон . Во други случаи пак, наредбите се бесправни и, доколку некој ја тужи државата за поништување на Наредбата, таа може да ја поништи Државниот Совет. Постои постапка кога Премиерот може да издава Наредби, но оваа постапка бара изречна согласност од Парламентот (види член 38 од Уставот на Франција од 1958 година).

Наредбите што ги изрекува Премиерот имаат две форми:

Наредби, Наредби на советот на државата ( décrets en Conseil d'État ), кога со закон се гарантира советодавната консултација со Советот на државата.

Понекогаш, décrets en Conseil d'État се толкува неправилно како décrets du Conseil d'État. Ова значи дека Советот на државата го носи декретот, додека моќта на декретот му се дава на претседателот или премиерот; а улогата пак на управата т.е. на Советот, е чисто советодавна.

Италија

Според клаузулата 77 од италијанскиот Устав, „Владата не може, без акт на двата дома на парламентот, да издава уредби со сила на обичен закон. Во вонредни и итни состојби Владата може да донесе привремени мерки кои имаат сила на закон, а таа пак истиот ден може да почне да ги применува наведените мерки само со одлука на обата дома на Парламентот, а ако двата дома се распуштени истите ќе се состанат за оваа причина најдоцна во рок од 5 дена. Указите престануваат да важат ако не се потврдат продолжат во рок од шеесет дена од нивното донесување. Двата дома на парламентот сепак можат со закон да регулираат правни односи кои произлегуваат од недонесени Укази“.

Португалија

Во Португалија има повеќе видови декрети (, еднина ) што ги донесуваат различни органи или тела на локалната самоуправа на автономните региони.

Во моментов, постојат следниве видови декрети:

Декрет ( ): е законски акт донесен од Владата на Португалија според одредбите на член 198 од Уставот на Португалија; Регионален законодавен декрет ( ): е регионален закон, издаден од законодавното собрание на еден од автономните региони, во рамките на неговите надлежности дефинирани во членовите 227 и 233 од Уставот; Декрет на Претседателот на Републиката ( ): е указ што го носи Претседателот на Португалија, за ратификација на меѓународните договори, назначување или разрешување членови на Владата или за остварување на други претседателски овластувања утврдени со Уставот; Уредба (): е акт што го носи Владата на Португалија за ратификација на меѓународни договори, чие одобрување не е во надлежност на Собранието на Републиката или не е поднесено до него или е во надлежност на Владината администрација, утврден во член 199 од Уставот, а е во врска со закон што бара донесување Указ; Регулаторен указ ( ): е акт издаден од Владата на Португалија, под административна надлежност утврден во член 199 од Уставот, за да се направат потребните регулативи за правилно извршување на законите и да се преземат сите дејствија и решенија потребни за промовирање на економски и социјални развој и задоволување на потребите на заедницата; Регионална регулаторна уредба ( ): е акт издаден од законодавниот дом или владата на автономен регион, со кој се уредува правилното спроведување на регионалните законодавни одредби; Уредба од претставникот на Републиката ( ): е уредба за назначување или отстранување на членови на владата на автономен регион, издадена од претставникот на Републиката за тој регион.

Иран мини| 9 октомври 1981 година, Jamaran, Техеран ; Рухолах Хомеини како врховен водач на Иран го пее претседателскиот Указ на Али Камнеи. |алт= Според членот 110 од Уставот на Иран, врховниот водач ги разгледува општите политики на Исламската Република.

Русија По Руската револуција, генералните законодавни акти на Владата се нарекуваа „декрети,“ а поконкретните акти се нарекуваа „укази“. И двата поима обично се преведуваат како „декрет“.

Според Уставот на Руската Федерација од 1993 година, „указ“е претседателски декрет. Указите се на исто рамниште со законите, но со нив не може да се менува рускиот устав или одредбите на постојните закони, а указите може да се укинат со законите донесени од Федералното собрание.

Владата на Русија, исто така, може да донесе декрети, формално наречени Одлуки (Постановления) или Наредби (Распоряжения) и истите не може да се косат со уставот / законите или претседателските уредби на Руската Федерација.

Саудиска Арабија Кралските декрети се основа за донесување закони во Саудиска Арабија.

Шпанија Во Шпанија, декретите се јавуваат во голем број форми:

Кралски указ Кралски указ за донесување закон Кралската законодавна уредба

Турција Во согласност со член 107 од Уставот од 1982 година. Една од важните измени направени во овој Устав е актот бр. 6771 што е поврзан со Уредбите на претседателството.

Велика Британија