Стјепан Антољак (, - , ) — хрватски историчар, универзитетски професор и член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав од 1979 година.

Животопис Стјепан Антољак завршил историја на Филозофскиот факултет во Загреб во 1933 година и докторирал во 1935 година. На истиот факултет бил асистент-дневничар од 1934 до 1941 година, а по одбрана на докторската дисертација „Далмација и Венеција на племинарите во Леобен и мирот во Кампо Фарми“, тој станал асистент-приправник. Од 1941 до 1946 година, тој бил доцент на Катедрата за национална историја. Од 1946 до 1952 година, тој бил директор на Државниот архив во Задар, а од 1953 до 1956 година бил научен соработник на Државниот архив во Риека. Од 1956 до 1969 година бил професор на Филозофскиот факултет во Скопје (од 1965 до 1975 година хонорарно), во Приштина од 1963 до 1969 година и во Задар од 1969 до 1979 година. Од 1967 до 1971 година бил раководител на Одделението за античка и средновековна историја на Институтот за национална историја во Скопје. Во 1979 година, тој станал член на МАНУ надвор од работниот состав. На Филозофскиот факултет во Скопје, тој предавал историја на народите на Југославија (среден век) и Помошни историски науки. Дал голем придонес во проучувањето на македонското средновековје (Склавините, богомилството и др.). Посебно внимание посветил на проучувањето на Самоиловата држава (969–1018) и придонел за расветлување на повеќе прашања во врска со нејзиното создавање и опстанок. Автор е на голем број монографии, научни и стручни трудови.

Дела Избор за историјата на ФНРЈ за среден век (Скопје, 1962) Помошни историски науки (Скопје, 1966). Самуиловата држава (Скопје, Институт за национална историја, 1969) Pregled hrvatske poviesti (1942., 1944., prošireno izdanje 1994. u suradnji s drugim autorima) Bune pučana i seljaka u Hrvatskoj (1956) »Pacta« ili »Concordia« od 1102 godine (1980) Средновековна Македонија, Том први (1985) Hrvatska historiografija do 1918 I—II (1992) Hrvati u prošlosti. Izabrani radovi (1992) Renesansa hrvatske historiografije: dosadašnje, sadašnje i buduće zadaće (1996) Hrvatska historiografija (2004)

Наводи

Надворешни врски Stjepan Antoljak Стјепан Антољак

Категорија:Хрватски историчари Категорија:Босанскохерцеговски историчари Категорија:Југословенски историчари Категорија:Хрватски универзитетски професори Категорија:Босанскохерцеговски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Хрватски академици Категорија:Босанскохерцеговски академици Категорија:Југословенски академици Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет Категорија:Доктори на Загрепскиот универзитет Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје