Петит Мустик (англиски: Petite Mustique) е мал ненаселен остров во Карипското Море. Островот е дел од групата на острови Гренадини во државата Свети Винцент и Гренадини. Островот има површина од 0.4 км2, се наоѓа североисточно од неанселените острови Саван и јужно од островот Мустик. Островот не е населен и не е развиен. Тој е со брдски релјеф и достигнува до 100 метри надморска висина и нема лесен пристап до него.
Географија Петит Мустик се наоѓа на 2 километри јужно од Мустик.geonames .org . Помеѓу Петит Мустик и Мустик се наоѓа малото островче Петит Ки, што всушност е продолжение од северниот дел на Петит Ки (поврзани се подводно). Како и останатите острови на Гренадините, островот има многу шанци и еродиран брег. Јужно од Петит Мустик се наоѓа малата карпа Драј Рок, а на 500 метри југозападно е гребен. Брегот на островот е со сртови. Брдата се прекриени со густа вегетација.
Наводи
Поврзано Гренадини Свети Винцент и Гренадини
Категорија:Острови во Свети Винцент и Гренадини Категорија:Приватни острови Категорија:Гренадини