Португалската () – национална химна на Португалија. Текстот го напишал Енрике Лопес де Мендоса, а музиката Алфредо Кеил.

Историја Песната настанала после порастот на португалскиот национализам предизвикан од британскиот ултиматум на Португалија во 1890 година да се повлечат од подрачјата на Ангола и Мозамбик. Во текот на протестите кои ја потресувале Португалија на крајот на 19 век, песната станала многу популарна. Песната била усвоена како републиканска химна, а во 1910 година како химна на новонастанатата Република Португалија, наместо дотогашната Химна на повелбата (), последната химна на уставната монархија во Португалија. Името A Portuguesa значи Португалска песна.

Оригиналната верзија имала стих: Против Британците маршираме, маршираме (), а на 16 јули 1957 години овој стих бил преправен во Против топовите маршираме, маршираме ().

Официјална верзија Стихови на португалски Превод на македонски Heróis do mar, nobre povo, Nação valente, imortal Levantai hoje de novo O esplendor de Portugal!

Entre as brumas da memória, Ó Pátria, sente-se a voz Dos teus egrégios avós Que há-de guiar-te à vitória!

Às armas, às armas! Sobre a terra sobre o mar, Às armas, às armas! Pela Pátria lutar Contra os canhões marchar, marchar! Херои на морето, благородни луѓе, Храбра и бесмртна нацијо, Крени се повторно О раскошу на Португалија!

Во маглата на спомените, О Татковино, почувствувај го гласот На твоите истакнати предци кои ќе те доведат до победа!

На оружје, на оружје, преку земја, преку море, на оружје, на оружје, за Татковината да се бориме! Против топовите маршираме, маршираме!

Извор Химна на Португалија

Надворешни врски

Категорија:Национални симболи на Португалија Португалија Категорија:Португалска музика Категорија:Португалија Категорија:Композиции во ес-дур