Џорџ Харисон, МБЕ (25 февруари 1943 — 29 ноември 2001) — англиски рок-гитарист, пејач, текстописец, автор и ситарист, добитник на Oскар и Греми, најпознат како водечки гитарист на легендарните Битлси. По распадот на групата, Харисон има успешна кариера како соло-изведувач, а подоцна и како член на Травелинг Вилберис, каде ги добива псевдонимите Нелсон и Спајк Вилбери. Исто така работи и како филмски продуцент, преку својата продукциска куќа Handmade Films, која вклучува работа со личности од типот на Мадона и членовите на групата Монти Пајтон, на чиј хумор Џорџ бил особен обожавател.

Рангиран е на 21-то место на Sписокот на 100 најголеми гитаристи на сите времиња според списанието Rolling Stone.

Надворешни врски

GeorgeHarrison.com — Официјална страна

Genesis Publications - Концерт за Џорџ: Прославување на животот на Џорџ Харисон Клип за животот на Џорџ Харисон BBC статија по повод смртта на Харисон Beatles Central - Биографија на Џорџ Харисон

Категорија:Музичари Категорија:Британски музичари Категорија:Гитаристи Категорија:Оскаровци Категорија:Добитници на Греми Категорија:Битлси Категорија:Членови на Редот на Британската Империја Категорија:Починати во 2001 година Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Англиски поп-пејачи Категорија:Добитници на наградата „Ајвор Новело“