Анти-бирократската револуција, позната и како Јогурт револуција — период од историјата на СФРЈ кој започнал на 8-та седница на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Србија во 1987 година и завршил кон почетокот на 1989 година со кадровски просени што овозможиле ограничување на автономијата на српските провинции и доминација на Србија во сојузните власти. Овој период бил одбележан со низа митинзи во текот на летото и есента 1988 година со кој претседателот на ЦК на Србија, Слободан Милошевиќ ги соборил провинциските власти на Војводина и на Косово и републичките власти во Црна Гора, заменувајќи ги со негови приврзаници. До 1989 година, Србија добила контрола над 4 од 8 гласови во Сојузното претседателство и контролата врз Сојузот на комунистите на Југославија.

Основни одлики на анти-бирократската револуција биле организирањето на масовни собири кои биле прикажани како спонтани, со слогани кои најавуваат последователни активности на политичкото раководство, и инструментализирани медиуми, пред сè на дневниот весник „Политика“. Анти-бирократската револуција претставувала раскинување со комунистичкиот поглед на политиката, и бил ставен поголем акцент кон национализмот. Веќе на крајот на 1988 година, Милошевиќ ја заменил социјалната терминологија со национална терминологија, а наместо работничката класа, нацијата влегла на политичката сцена.

Заднина Според југословенскиот Устав од 1974 година, автономните провинции Војводина и Косово биле во голема мерка независни од владата на Сојузна Република Србија и секоја имала едно место во Претседателството на СФРЈ, кое сè уште опфаќало шест републики на СФРЈ. Како резултат на тоа, нивниот статус бил речиси идентичен со оној на републиките, што им овозможувало на провинциските влади на Косово и Војводина да спроведуваат практично независни политики.

Подигнувањето на власта на Милошевиќ се совпаднало со тензиите на Косово, каде Србите се жалеле дека биле угнетувани од Албанците и раководството на провинцијата доминирана од Албанците.

Во услови на растечки етнички тензии меѓу Албанците и Србите, тогашниот претседател на Сојузот на комунистите на Србија, Слободан Милошевиќ, во април 1987 година отпатувал за Косово за да посредува во спорот. Наместо тоа, тој се сретнал со Србите, а потоа дал изјава „Никој не смее на вас да ве тепа!„ што ја влошило ситуацијата. По убиството на војниците на ЈНА: Сафет Дудаковиќ, Хазим Џемановиќ, Горан Бегиќ и Срѓан Симиќ во касарната во Параќин, кои убства биле извршени од страна на Азиз Кељменди, српските медиуми почнале кампања против Албанците, и тврделе дека тоа е кривично дело насочено против Југославија. Тогашниот претседател на партијата во Белград, Драгиша Павловиќ, на 11 септември рекол дека ситуацијата во Косово не може да се подобри со „лесно ветена брзина“ ниту со „вонредна состојба“. На 17 септември, на седницата на партијата, Павловиќ ги критикувал националистичките феномени.

По овие говори, дневниот весник „Политика експрес“ го нападнал Павловиќ и го поставил прашањето: „На кого се однесува критиката на Павловиќ за „лесно ветената брзина“? Во образложението се наведува дека ветувањето е дадено од самиот ЦК на СК Србија и е заклучено дека Павловиќ го напаѓал Централниот комитет. Осмата седница на ЦК СКС се одржала на 23 и 24 септември 1987 година. Седницата била водена од Слободан Милошевиќ, тогашниот претседател на Претседателството на ЦК на СКС и Иван Стамболиќ, тогашниот претседател на Претседателството на Србија. На таа седница, со огромно мнозинство гласови, Драгиша Павловиќ бил разрешен од членството во ЦК на СК Србија.

Оваа седница го претставува последното разминување на идеите на Слободан Милошевиќ и Иван Стамболиќ, кој бил разрешен во декември истата година.

На крајот на 1987 година и во првата половина на агодина, во Србија започна кампања во која се опишувала тогашната состојба како неподнослива. Раководството на провинцијата било обвинето за бирократска неефикасност и отуѓеност од народот. Имало пароли како „Ув Србијо, од три дела повторно ќе бидеш цела“. Атмосферата дополнително се влошувала со бројни написи и писма од српски весници, особено во „Политика“.

Главните точки на кампањата биле следниве:

Србите на Косово се загрозени од Албанците и се угнетувани од страна на албанскиот Извршен совет на Косово; поради Уставот од 1974 година, Србија нема реална контрола над своите провинции, чии раководства се бирократски и отуѓени; Наведувајќи дека овој устав е создаден под влијание на другите југословенски републики, особено Словенија и Хрватска, со цел да се намали моќта на Србија и да се создаде средина за искористување на природните ресурси на Србија; дека уставот создал конфедерација, бидејќи не може да се донесе одлука без консензус на сите 6 републики во сојузното собрание, и се бара систем што подобро би го претставувал мнозинството од населението ( еден човек, еден глас беше едно од најпопуларните) и затоа е неопходна ревизија на федералниот устав и зајакнување на контролата на Србија врз нејзините провинции.

Митинзи Во 1985 година, членовите на „Српското движење на отпорот“ од Косово испратиле петиција до државните власти, помогнати од Атанасије Јевтиќ и Добрица Косиќ, тврдејќи дека со покраината управувале албански шовинисти кои окупирале дел од Југославија и извршиле геноцид против Србите. Масовните протести започнале во февруари 1986 година со неколку собири на Косовските Срби во Белград и на Косово, барајќи порешително решавање на проблематичната состојба на Косово. Во текот на тие години Косовските Срби протестирале во српските градови, а на 26 февруари 1986 година , стотици од нив влегле во Сојузното собрание, барајќи воведување вонредна состојба и укинување на автономијата на Косово. Овие биле релативно мали протести, со 100-5000 учесници и главно биле реакции на поединечни меѓуетнички инциденти. Најголемиот ваков собир се одржал на Косово Поле во април 1987 година, каде се собрале околу 20,000 луѓе.

Но, избувнувањето на големи протести започнало во средината на 1988 година. Во јуни протестот на работниците во фабриката Змај собрал околу 5.000 луѓе. Во јули се одржувале собири во седум градови со десетици илјади учесници, а во август во десет градови со 80.000 учесници. До декември митинзите се прошириле во 39 градови со над 400.000 учесници.

Војводина Митинзите во Војводина започнале на 9 јули со протест на косовските Срби во Нови Сад против „албанскиот геноцид“ што го изложл на Косово . Милошевиќ преку својот гнев кон водачите на провинцијата Војводина, кои одбиле да застанат покрај него. Демонстрантите барале разрешување на врвните водачи на Социјалистичката автономна покраина Војводина и Сојузот на комунисти од Војводина . Претседателството на СФРЈ и СКЈ побарало Милошевиќ да го покаже својот авторитет за да ги прекине митинзите и да го канализира гневот на луѓето преку институциите, што тој, сепак, го одбил тоа. На заедничката седница на Претседателството на Сојузна Република Србија и Централниот комитет на СК на Србија, на 5 септември 1988 година тој рекол дека митинзите се „фер, демократска и очекувана реакција“ - „На крајот на краиштата, луѓето можат да се соберат само врз основа на која се чувствуваат нападнати и загрозени. Напаѓани се бидејќи се Срби и Црногорци, тие ги напуштаат своите домови како Срби и Црногорци и, според тоа, се бранат како Срби и Црногорци. “- извадок од говорот на Слободан Милошевиќ на таа седница.

По тримесечни митинзи на улиците, на 5 октомври 1988 година, околу 150.000 луѓе се собраа во Нови Сад на протест против провинциската влада на Војводина. Демонстрациите започнале во близина на Бачка Паланка ипродолжиле во Нови Сад. Протестите во Бачка Паланка биле организирани од Михал Кертес, службеник на средно ниво на Сојузотна комунистите и унгарски државјанин, кој останал запаметен по неговата проценка „Како можете вие Србите да се плашите од Србија, кога јас, Унгарец, не се плашам од Србија?“ Демонстрантите од Нови Сад и другите делови на Србија се собрале во голем број пред Бановина, седиштето на Собранието на Војводина. Водачите на Војводина биле заробени во зградата. Тогашниот претседател на СФРЈ, Лазар Мојсов, веднаш побарал интервенција на армијата, но била спречена од следбениците на Милошевиќ.

Провинциската влада, која се состоела од Милован Шогоров, Бошко Круниќ и Живан Берисавлевиќ, биле изненадени со постапките. Пред демонстрациите, тие се обиделе да преговараат и да постигнат компромис со Милошевиќ, изразувајќи претпазлива поддршка за измените во уставот, а во исто време се обиделе да ги задржат своите ставови и ставот на Војводина непроменети. Сепак, голем број медиумски кампањи од еден белградски весник ги поткопале нивните ставови; а тие биле наречени „автономисти“ и „фотелјаши“ желни за моќ.

Раководството на провинцијата тогаш издало наредба да им се спречи на демонстрантите снабдување со електрична енергија и вода, што дополнително ги налутило демонстрантите и предизвикало уште повеќе луѓе од Нови Сад и околината да се приклучат на демонстрациите. Кога напојувањето било обновено, раководството на покраината ја променило тактиката; за да ги смират демонстрантите, им било наредено да им дадат леб и јогурт на демонстрантите. Сепак, наскоро лутите демонстранти започнале да ги фрлаат илјадниците јогуртни кон зградата на провинцискиот парламент и кон официјалните лица кои се обиделе да им се обратат. Опишувајќи ги овие настани во Нови Сад во својот ТВ-извештај за ТВБ, известувачот Миодраг Попов го нарекол протестот „јогуртска револуција“ и од тогаш терминот влегол во политичката историја, така што и другите револуции биле наречени со иронични имиња „Балва револуција“, „Кадифена револуција “,„ Нежна револуција “итн. Терминот е опишан како последица на инцидентот кога демонстрантите фрлале јогурт кон зградата на владата.

По една ноќ под опсада, утрото на 6 октомври, целокупното колективно раководство на Војводина поднело оставка и било заменето со членови лојални на Милошевиќ: Недеjко Шиповац, Радован Панков и Радоман Божовиќ. Некои историчари проценуваат дека „револуцијата јогурт“, која започнала со процесот на централизација на Србија, го означила почетокот на распадот на Југославија и крвавите конфликти што следувале.Godišnjica 'jogurt revolucije'

Митинг во Ушќе Митингот во Белград на Ушќе, наречен митинг „Братство и единство“, се одржал на 19 ноември 1988 година. Според државниот печат, на митингот присуствувале околу еден милион луѓе, а според други, неколку стотици луѓе. Митингот бил замислен како најголем од сите собири, при што големи групи луѓе доаѓаат од цела Србија со фабрички и јавни автобуси изнајмени за оваа пригода. Милошевиќ ја повторил целта на Србија за слобода и еднаквост во рамките на Србија во Југославија:

Црна Гора Јавните собири и медиуми исто така биле искористени и во Црна Гора, каде што првите митинзи за поддршка на Косовските Срби и Црногорци се одржале во Титоград на 20 август 1988 година. Раководството на Сојузот на комунистите на Црна Гора бил во дефанзива во тој момент, тврдејќи дека исто така го брани Косово, но нивното воздржување во директна поддршка на Милошевиќ не била волја на демонстрантите.