Знаме на Тексас – службено знаме на американската сојузна држава Тексас. Познато е по својата истакната единствена бела ѕвезда која му го дала името на знамето „Знаме на Самата ѕвезда“. Самата ѕвезда му го дала прекарот на државата: „Држава на Самата ѕвезда“. Знамето е популарно кај Тексашаните и се третира со голем степен на почит. Заедно со знамето на Хаваите, тоа е едно од двете државни знамиња кои претходно се користеле како национални.
Северноамериканското вексилолошко друштво во 2001 година спровело истражување за најдобро дизајнирано знаме во конкуренција на сите знамиња на американските сојузни држави и територии како и канадските провинции. Меѓу вкупно 72 знамиња, знамето на Тексас било рангирано на 2. зад знамето на Ново Мексико.Archive.org copy of now-offline NAVA survey results
Дизајн на знамето Државното знаме официјално е опишано со закон како:
Историја и усвојување
Правната процедура за усвојување на знамето била започната во Конгресот на Република Тексас на 28 декември 1838 година од сенаторот Вилијам Х. Вартон и знамето било усвоено на 25 јануари 1839 година како национално знаме на Република Тексас. „Придружен на оригиналниот Акт ... е цртеж на националното знаме и грб од Питер Краг ... иако во оригиналот одобрувањете и потписот на претседателот Ламар се наопачки[.]“ Charles A. Spain, Jr. The Flags and Seals of Texas. " South Tex. Law Rev. 33(1992): 215-259. Кога Тексас станал 28. Сојузна држава на САД на 29 декември 1845 година, националното знаме станало државно знаме. Од 1879 до 1933 година немало официјално државно знаме, иако Знамето на Самата ѕвезда останало de facto државно знаме. При усвојувањето на Ревидираните граѓански статути во 1879 година, Законодавниот дом ги укинал сите статути чие останување во сила не биле изречно наведени; бидејќи статутите кои се однесуваат на знамето не биле меѓу обновените, Тексас формално бил без знаме до донесувањето на законот за знаме во 1933 година.
Дизајнерот на знамето е непознат. Некои тврдата дека д-р Чарлс Б. Стјуарт бил или дизајнерот на знамето или ја нацртал сликата искористена од Третиот конгрес при донесување на законодавството за усвојување на знамето.[] Сепак, цртежот на Стјуарт "сомнително изгледа како следење на уметноста на Питер Краг, вклучувајќи го и наопачкиот потпис на претседателот Ламар."
Наводи
Надворешни врски
Texas Flag Code Texas Flag status (full-staff or half-staff and instructions for display) Flags of Texas Independence Movements 1835-1836 Historical Texas Flags Origin of the Lone Star Flag of Texas "Flags and Seals of Texas" by Charles A. Spain, Jr., South Texas Law Review
The Stewart Myth Official procedure for folding the flag of Texas
Тексас Категорија:Тексас