LAMMPS () е компјутерска програма за молекуларна динамика од националните лаборатории „Сандија“ во САД. Оваа софтверска алатка е бесплатна за користење и кодот е јавно достапен, така што целата програма се дистрибуира под GNU општата јавна лиценца. LAMMPS за паралелна комуникација го користи Message Passing Interface (MPI).
LAMMPS е првично развиена како дел од договор за истражувачко-развојна соработка меѓу две лаборатории од американскиот департмент за енергетика и три други лаборатории од приватниот сектор. Од 2016 година, кодот го одржуваат и дистрибуираат истражувачите во националните лаборатории „Сандија“ и универзитетот „Темпел“.
Библиографија
Категорија:Физика Категорија:Бројчена анализа Категорија:Софтвер