Галина Сергеевна Уланова (, - , ) беше руска балерина. Најчесто ја наведуваат како една од најголемите балерина на 20 век.
Животопис
Галина Уланова била ќерка на балетант од Театарот Мариински.
Своето образование како балерина го започнала на 9-годишна возраст во затвореното балетско театарско училиште. Во 1928 таа се запишала на Државната академија за опера и балет, која подоцна ќе стане Киров балет. Многу брзо таа станала првиот солист. Ученичка била на Агрипина Ваганова. Прво танцувала в Ленинград, а по-късно се премества в Болшой театър в Москва. Најпрво танцуваше во Ленинград, а подоцна се пресели во театарот Болшој во Москва.
Во 1940 година настапувала во насловната улога Јулија за премиерата на Балетот од Сергеј Прокофиев Ромео и Јулија. Постоијат информации дека била инспирација за оваа музика. Стекнала светска слава во 1940-тите. Таа ја носи титулата Народен уметник на СССР, двапати херој на социјалистичкиот труд, и била лауреат на 4 награди Сталин и на Лениновата наградаObituary: Galina Ulanova.
После повеќе гостувања, 1944 станала член на Болшој театар во МоскваGalina Ulanova (1910–1998). Следната година таа ја имала насловната улога во праизведбата на „Пепелашка“ (исто така од Прокофиев). Во Балшој стеатарот останала до пензионирањето 1963.
После тоа работела како наставничка по балет.
Таа е единствената балерина на која и бил подигнат споменик за време на нејзиниот живот. Во Холандија, видови на лалиња се именувани по неа.
По повод 100-годишнината од нејзиното раѓање, пуштена била во промет сребрена паричка со нејзината слика во вредност од 2 рубли. Има и поштенски марки со нејзиниот портретulanova galina.
Наводи
Надворешни врски New York Times obituary Sunday New York Times by Anna Kisselgoff, 29 March 1998 The Ballerina Gallery The Gallery of Masters of Musical Theatre
Категорија:Прима балерини Категорија:Руски балерини Категорија:Советски балерини Категорија:Херои на социјалистичкиот труд Категорија:Добитници на Сталиновата награда Категорија:Добитници на Лениновата награда Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на Орденот на пријателството меѓу народите Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Народни уметници на СССР Категорија:Народни уметници на Руската СФСР Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Родени во 1910 година