Macedonian Čalgija - албум на македонската етно-музичарка Бајса Арифовска од 2013 година, објавен од издавачката куќа „Izvor Music“.
Песни Албумот содржи девет композиции:Bajsa Arifovska, Macedonian Čalgija. Izvor Music IZM106, 2013. Крешлама (7:52) Тешко за рамо (4:40) Јени јол (6:01) Карагуна (6:14) Адана (4:31) Старско за рамо (4:20) Велешко оро (4:18) Велешко за рамо (6:41) Егејски сплет (8:19)
Информации за албумот Сите композиции на албумот се народни, а аранжамните се дело на Арифовска, (освен „Карагуна“ чиј аранжер е Хилми Баки). На албумот свират следниве музичари: Бајса Арифовска (кларинет, виолина, деф и дајре), Раим Баки (ут), Хустреф Саид (канун) и Насер Мустафа (тарабука и дајре). Албумот е снимен во 2008 година во Скопје, во студиото на Горан Алачки. Музички продуценти се Алачки и Арифовска, инженер на звукот е Ѓоко Мишковски, маестерот е дело на Љупчо Павловски, а продуценти на албумот се „Izvor Music“ и Larry Weiner. Графичкиот дизајн на албумот е дело на „Campbell Design“.Bajsa Arifovska, Macedonian Čalgija. Izvor Music IZM106, 2013.
Осврт кон албумот Во рецензијата на албумот, етномузикологот Велика Стојкова Серафимовска истакнала дека тој им нуди на слушателите „бајковита променада низ времето и просторот“ и дека „неговата сила првенствено произлегува од извонредната изведба на музичарите, кои свират во специфичниот стил на чалгијата со унисони мелодии и едноставни аранжмани“. Според Стојкова Серафимовска, брилијантната Арифовска ја истакнува убавината на чалгијата, а нејзините импровизации на кларинетот и виолината се одликуваат со сопствен музички сензибилитет, кој е спонтан и природен.Bajsa Arifovska, Macedonian Čalgija. Izvor Music IZM106, 2013.
Наводи
Категорија:Албуми на Бајса Арифовска Категорија:Појавено во Македонија во 2013 година Категорија:Изданија на Izvor Music