Финалето на Европското првенство 2000 бил фудбалски натпревар одигран на 2 јули 2000 година на Стадион Фејенорд во Ротердам, Холандија, со кој се одредил победникот на Европското првенство 2000. Франција го добила овој натпревар, совладувајќи ја Италија со 2-1 со постигнат златен гол во првото продолжение.
Италија прва дошла во водство со голот на Марко Делвекио во 55-тата минута и тие ја одржувале предноста до последната минута од судиското продолжение на второто полувреме, кога Силван Вилтор со еден низок удар кој минал под рацете на италијанскиот голман Франческо Толдо го изедначил резултатот и го испратил натпреварот во продолженија. Франција дошла до победата малку пред крајот на првото продолжение, кога Робер Пирес по еден одличен соло-продор ја уфрлил топката во шеснаесеттникот на противникот каде ја дочекал Давид Трезеге кој со еден полуволеј ја сместил во мрежата на Италија, постигнувајќи го златниот гол со кој Франција го освоила турнирот.
Патот до финалето ФранцијаРундаИталијаПротивнициРезултатГрупна фазаПротивнициРезултат3–0Натпревар 12–12–1Натпревар 22–02–3Натпревар 32–1Група Д второпласиран Репрезентација1. 3 92. 3 63. 3 34. 3 0Завршен поредокГрупа Б победник Репрезентација1. 3 92. 3 43. 3 34. 3 1ПротивнициРезултатНокаут фазаПротивнициРезултат2–1Четвртфинале2–02–1 (прод.)Полуфинале0–0 (прод.) (3–1 пен.)
Натпреварот Детали
GK 16Фабиен БартезRB 15Лилијан Тирам CB 8 Марсел ДесаиCB 5 Лоран БланLB 3 Биксант Лизаразу CM 4 Патрик ВиераCM 7 Дидје Дешан RW 6 Јури Џоркаеф AM 10Зинедин ЗиданLW 12Тјери АнриCF 21Кристоф Дугари Замени:FW 13Силван Вилтор FW 20Давид Трезеге MF 11Робер Пирес Селектор:Роже Лемер GK 12Франческо ТолдоCB 5 Фабио Канаваро CB 13Алесандро НестаCB 15Марк ЈулијаноRWB11Џанлука ПесотоLWB3 Паоло Малдини CM 4 Деметрио АлбертиниCM 14Лујџи Ди Бјаџо AM 18Стефано Фјоре SS 20Франческо Тоти CF 21Марко Делвекио Замени:FW 10Алесандро Дел Пјеро MF 16Масимо Амброзини FW 19Винченцо Монтела Селектор:Дино Ѕоф
Играч на натпреварот: Франческо Тоти (Италија)
Помошни судии: Леиф Линдберг Јенс Ларсен Четврти судија: Хосе Марија Гарсија-Аранда |}Правила на натпреварот 90 минути. 30 минути продолженија во кои важи правилото златен гол ако е потребно. Пенали ако резултатот и понатаму е нерешен. Максимално 3 замени.thumb|right|220px|Фудбалерите на Франција и Италија пред почетокот на финалето.
Статистика +Стат. сегменти Франција Италија Голови 2 1 Вкупно шутеви 19 10 Шутеви во рамка 12 3 Посед на топка 48% 52% Корнери 7 4 Прекршоци 18 29 Офсајди 6 7 Жолти картони 1 3 Црвени картони 0 0
Наводи
Надворешни врски Европско првенство во фудбал 2000
Финале Категорија:Фудбалски натпревари на француската репрезентација Категорија:Фудбалски натпревари на италијанската репрезентација