Филип Џон-Вилијам Коку (роден на 29 октомври 1970 година, во Ајндховен) — холандски фудбалски тренер и поранешен . Моментално ја води екипата на Дарби Каунти.
Кариера Во својата кариера играл за: АЗ Алкмар, Витесе, ПСВ Ајндховен (во два наврати), Барселона и Ал Џазира. За холандската репрезентација одиграл 101 натпревар и постигнал 10 голови во периодот 1996-2006. Својата играчка кариера ја завршил во 2008 година.
По завршувањето на играчката кариера, Коку посетувал професионален курс за тренери. Тој најпрво работел како асистент на селекторот Берт ван Марвајк во холандската репрезентација, а потоа се вратил во каде најпрво работел како асистент, а потоа станал и прв тренер на тимот во 2013 година. ПСВ го водел до 2018 година, кога ја презел тренерската функција во турскиот , но таму бил отпуштен по само 15 натпревари на клупата поради слаби резултати. Во летото 2019, бил назначен за менаџер на .
Титули
Играч ПСВ Ередивиси : 4 1996-1997, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007 Куп на Холандија : 2 1995-1996, 2004-2005 Суперкуп на Холандија : 2 1996, 1997
Барселона Примера Дивисион : 1 1998–1999
Ал Џазира Куп на заливот : 1 2007
Тренер ПСВ Ередивиси : 3 2014–2015, 2015–2016, 2017–2018 Куп на Холандија : 1 2011–2012 Суперкуп на Холандија : 2 2015, 2016
Наводи
Надворешни врски
Филип Коку на soccerway Филип Коку на transfermarkt Филип Коку на whoscored Филип Коку на espn
Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Аз Алкмар Категорија:Фудбалери на ФК ПСВ Ајндховен Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Холандски фудбалски тренери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1970 година