мини|250px|Бартек во 2016 година Бартек () – еден од најстарите дабови во Полска. Од 1954 година е заштитен како споменик на природата, расте во близина на селото Бартков.
Старост и големина на дабот Цезари Пацињак во својата книга од 1992 година ги дава резултатите од своето истражување на дрвото, според кое тоа има 654 години.Cezary Pacyniak: „Najstarsze drzewa w Polsce. Przewodnik“, PTTK „Kraj“, Warszawa 1992, ISBN 83-7005-199-5
Според мерењата од 2013 година, дрвото е високо 28,5 метра , обиколката на стеблото на висина на градите (1,3 метра) била 9,85 метра, а на ниво на земјата 13,4 м, дебелината му била 3,14 м.
Историја Во 1829 година, дабот имал четиринаесет главни и шеснаесет странични гранки, а во 2008 година осум главни гранки.
Во 1906 година, дабовото дрво страдало од пожарот на околните зградиZarzyński P. & Tomusiak R., 2013: Najgrubsze dęby Polski (2). Przyroda Polska, 7, strona 19...
Во 1920 година, стеблото на дрвото било зацементирано; во 1978 година оваа заптивка била извадена], а дефектот беше исполнет со заптивка од смола и маскирана со кора..
Во 1934 година, жирито со кое претседавал професорот Вадисаслав Шафер го прогласило Бартек за „најубавото дрво во Полска“. Дабот беше прогласен за споменик на природата со одлука на Президиумот на радата на војводството од 28.10.1954 година. Дрвото било запишано во регистарот на споменици на природата со Регулативата бр. 35/2007 од војводствот од 12 декември 2007 година во врска со признавањето како споменик на природата.
На 3 јуни 1991 година во дрвото удрил гром при што била оштетена една од гранките и дел од стеблото. Штетата е конзервирана. Подоцна на дрвото бил монтиран громобран. Во 1997 година биле монтирани телескопски потпори на гранките.
Легенда Според една легенда, Јан III Собиески и Марија Казимира д’Аркен скриле богатство во Бартек.
Наводи
Категорија:Споменици на природата на Полска Категорија:Поединечни дрва во Полска