Сигма Лебед — ѕвезда син суперџин во северното соѕвездие Лебед. Со привидна величина од 4,2 и е припадник на ѕвезденото здружение Лебед OB4 и се наоѓа на растојание од 3.300 светлосни години од Земјата.
Поради својата местоположба на галактичкиот диск, набљудувањето на σ Лебед е попречено од меѓуѕвездената прашина и е зацрвенета со величина од 0,2 и од оваа причина нејзината величина е намалена за 0,6 при видливите бранови должини. Кога ќе се земе сето ова предвид, нејзината сјајност е за 50.000 пати поголема од онаа на Сонцето.
Спектралната нализа на ѕвездата покажала едновремено постоење во фотосферата на SiII и HeI линии, со периодична променливост. Периодичноста е пресметана и има вредност од 1,59 часа во сите три линии што може да е резултат на ѕвезденото осцилирање. Не е забележана јасна промена на сјајноста.
Наводи
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Бело-сини суперџинови Лебед, Сигма Лебед, 67 8143 202850 105102 Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:2MASS-објекти