thumb|250px|Влез во музејот thumb|250px|Дел од изложбата
Архитектурцентрум Виенa ( АЗ В ) е музеј во Виена, во Музејската четврт. Замислен е како центар за изложби, настани и истражувања на архитектурата и сродни области, особено архитектурата и урбанистички дизајн од XX и XXI век. Тој е национален музеј за архитектура на Австрија.Architekturzentrum Wien
Активности Во постојаната изложба „Австриската архитектура во XX и XXI век“ е прикажана историјата на австриската архитектура од 1850 година до денес. Променливите изложби ја претставуваат модерна архитектура, со акцент за новите перспективи во архитектонските случувања. Преку низа настани и активности, архитектурата е претставена како „културна дисциплина, секојдневен феномен и комплексен процес“. Овие настани вклучуваат и професионални презентации и семинари, стручни работилници, детски работилници, публикации и годишниот конгрес за архитектура во Виена.
Во рамките на музејот постои и центар за документација и истражување во кој е и специјализирана библиотека со 27.000 специјализирани публикации, како и база на податоци за архитектура, лексика, архива и колекција во врска со архитектурата на XX и XXI век. Историја Центарот е основан во 1993 година како непрофитна организација. Тоа произлезе од соработката помеѓу националната влада на Австрија и градот Виена, а заеднички ја водат Федералното Министерство за образование, уметност и култура и канцелариите за култура и урбан развој во Виена.
По осум години на привремени локации Архитектурцентрум Виенa, АЗ В се пресели на сегашната локација во 2001 година. Има на располагање околу 1.000 m изложбен и деловен простор, со организирање на над 150 изложби, 300 настани и 600 архитектонски екскурзии во првите 15 годиниMuseumsplatz 1, Wien, Österreich.
Наводи
Надворешни врски Home page in English. Offizielle Website
Категорија:Музеи во Виена Категорија:Музеи за уметност основани во 1993 година