Тета Лебед (θ Лебед, θ Cygni, θ Cyg) — ѕвезда во соѕвездието Лебед. Има привидна величина од 4,5, што значи дека е видлива со голо око при достатно темно небо. Според паралаксата утврдено е дека се наоѓа на далечина од 59,8 светлосни години (18,3 парсеци) од Земјата. Се претпоставува дека е домаќин на планета.
Особини Спектарот на главната ѕвезда укажува дека таа ѝ припаѓа на класата F3 V. Сјајносната класа V се однесува на категорија ѕвезди од т.н. „главна низа“, кои, како и Сонцето, создаваат енергија по пат на јадрено соединување на водород во нивните јадра. Надворешната обвивак на оваа ѕвезда зрачи 4,2 пати посјајно од Сонцето, со делотворна температура од 6.381 K, давајќи ѝ жолтобел сјај типичен за ѕвездите од типот F. Тета Лебед е поголема од Сонцето, со 38 % поголема маса и 58 % поголем полупречник. Се проценува дека е стара помеѓу 0,6 и 1,9 милијарди години.
Придружнички θ Лебед има неколку побледи придружни ѕвезди. Најблиска е θ Лебед B — црвено џуџе со величина 13 на растојание од 3", во орбита околу главната ѕвезда на растојание од 46 ае. Друга ѕвезда се смета за оптичка придружничка — со величина 12 на растојание од околу една лачна минута, со назнаката C. Составницата D е ѕвезда со величина 12,5, и исто така се смета за оптичка придружничка. GJ 765B има величина од 13 и се смета за придружничка во облик на подџуџе. GSC 03564-00642 е црвено џуџе, исто така е со величина 13, и придружна на θ Лебед со заедничко сопствено движење.
θ Лебед B има привидна величина од 13,03, што е преслабо за да се забележи без телескоп. Припаѓа на класата M3 V и е со процената маса една третина од Сончевата. θ Лебед A и B заедно патуваат низ вселената со голема стапка на сопствено движење од 0,261 лачни секунди годишно, или 0,4° по век. Можно е самата θ Лебед B is да е близок двоец од две црвени џуџиња, во кој случај тие поединечно би биле послаби и помалку масивни од единечната ѕвезда.
Можна планета Колебањата во радијалната брзина на Тета Лебед забележани од ELODIE укажуваат на можен растројувачки планетарен објект кој двапати помасивен од Јупитер, кој прави круг околу главната ѕвезда за 150 дена. Оваа вонсончева планета сè уште не е сосема потврдена. ВО Ликовата опсерваторија се добиени наоди за разлики во радијалната брзина во овој период како и во годишни истозначници, но овие сигнали немаат постигнато статистичка значајност.
Наводи
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Бајерови објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот F Категорија:Хипотетички планетарни системи 0765 096441 185395 BD+49 3062 7469 Категорија:Црвени џуџиња од главната низа Категорија:Четвороѕвезди