мини|250п|Документ за населението во Османлиското Царство во 1914 година. Вкупното население изнесувало 20.975.345, додека Грци имало 1.792.206.

Размената на населението меѓу Грција и Турција (, ) произлегла од потпишувањето на конвенцијата за размена на население, во Лозана на 30 јануари 1923 година од страна на владите на Грција и Турција. Размената вклучувала скоро 2 милиони жители (околу 1,2 милиони Грци од Мала Азија, Источна Тракија, Трабзон, Кавказ и Понтиските Планини, и околу 400.000 муслимани од Грција), многу од нив насилно биле направени бегалци. Во Егејска Македонија доселувањето на грчките бегалци било во голема мера на сметка на автохтоното македонско население.

На крајот на 1922 година повеќето Грци побегнале од Мала Азија заради геноцидот над Грците (1914-1922) и поразот на Грција во Грчко-турската војна (1919-1922). Според некои пресметки, во текот на есента 1922 година, во Грција стигнале околу 900.000 Грци. Според норвешкиот истражувач, Фритјоф Нансен, од 900.000 Грци пристигнати во Грција, 300.000 биле од Источна Тракија, додека 600.000 биле од Мала Азија.

Размената на населението Турција ја гледала како начин за постојано да ги исели Грците од Турција, додека Грција конвенцијата ја видела како начин да ги пополни териториите кои ги напуштиле муслиманите.

Размената на населението не било засновано на јазична или етничка припадност, туку на религиска. Ги вклучувала скоро сите православни христијани во Турција, вклучувајќи ги и оние на кои турскиот им бил мајчин јазик, додека на другата страна ги вклучувала и муслиманите кои не биле Турци.

Историска позадина Размената на населението меѓу Грција и Турција произлегла како резултат на Турската војна за независност после што Мустафа Кемал Ататурк ја зазел Смирна што било проследено со распад на Османлиското Царство на 1 ноември 1922 година. Биле водени повеќемесечни преговори што довело до потпишување на формалниот мировна спогодба меѓу Грција и Турција на 24 јули 1923 година во Лозана. Две недели по спогодбата, Сојузниците му го предале Истанбул на националистите така означувајќи го целосното заминување од Анадолија.

На 29 октомври 1923 година, Големото турско собрание објавило создавање на Република Турција, држава која ќе ги опфати повеќето територии кои ги освоил Кемал Ататурк во 1920 година. На чело на Турција била Народната партија на Кемал Ататурк, која подоцна станала Републиканска народна партија. Крајот на војната за независност донел нова управа во регионот, но и нови проблеми. Реконструкција на градови, од кои многу биле напуштени. Грчко-турската војна оставила многу населби срушени и опљачкани.

мини|200п|Приказ на Грците во Османлиското Царство во 1910: модерните Грци се означени со жолто, понтските со портокалова и кападокиските со зелена (се однесува на дијалектите).

После Балканските војни, Грција скоро ја удвоила својата територија, а населението од 3,7 пораснало на 4,8 милиони. Со новите анектирани територии, бројот на малцинства во Грција пораснал на 13%, а после Прва светска војнаПрвата светска војна пораснал на 29%. Поголемиот дел од етничката популација во анектираните територии биле муслимани, но не биле сите Турци.

Ова посебно се истакнувало кај Албанците кои ја населувале областа Чамерија. Во текот на разгледувањето одржано во Лозана, било изнесено прашањето кој е Грк, Турчин и Албанец. Претставниците на Грција и Албанија одлучиле дека Албанците во Грција, кои главно живееле во северозападниот дел на државата, не се помешани и се разликуваат од Турците. Владата во Анкара сепак очекувала илјадници луѓе од подрачјето на Чамерија да стигнат во Анадолија и да се населат во Ердек, Ајвалик, Анталија, Сенкиле, Мерсин и Адана. На крајот, Грција одлучила да депортира илјадници муслимани од Лариса, Теспротија, Лангадас, Драма, Воден, Сер, Едеса, Лорин, Кукуш, Кавала и Солун. Меѓу 1923 и 1930 година приливот на овие бегалци во Турција драматично ја променил нејзината општествена заедница.

Патот до размена Според некои извори, размената на население, иако неуредна и опасна за многумина, била извршена многу брзо. Ако целта на размената била да се очистат етничките малцинства, тогаш тоа е постигнато од двете страни. На пример, во 1906 година во денешна Турција, имало 20% немуслимани, додека во 1927 година останале само 2,7%.

Вршител на размената бил Фритјоф Нансен, поставен од страна на Лигата на народите. Како прв официјален висок комесар за бегалци, Нансен бил предложен и избран за надгледувач на размената при што да ги има во обѕир интересите на Грција, Турција и силите од Западна Европа. Како искусен дипломат, со искуство во населувањето на Руси и други бегалци по Првата светска војна, направил нов документ за патување на бегалците во текот на војната, Нансенов пасош. Бил избран за главен надгледувач во текот на мировната спогодба по Грчко-турската војна 1919-1922. Иако принудна размената на населението немало претходен обид во модерната историја, на Балканот била извршена размена на население меѓу Грција и Бугарија во 1919 година. Заради заедничката одлука на владите на Грција и Турција дека заштитата на малцинства не е доволна за да се подобрат етничките тензии настанати после Првата светска војна, размената на население била предложена како единствено одржливо решение.

Според претставниците на Анкара, подобрувањето на статусот на малцинствата во Турција зависело од исклучување на каков било вид странско мешање и можности за провокација од страна. Тоа најефикасно можело да се постигне со размена на население и било најдобра гаранција за сигурност и развој на останатите малцинства после размената, било да се испочитуваат и законот и либералната политика во Турција, која се однесува на сите заедници чии членови не отстапувале од своите должности како турски граѓани. Размената исто така била корисна и како одговор на насилството на Балканот, каде имало милион Турци без храна и засолниште, а Европа и Америка не покажале никаков интерес.

Размената на население била видена како најдобар начин да се заштитат малцинствата, но и како најрадикално средство. Нансен верувал дека она што било на преговарачката маса во Лозана не бил национализам, туку прашање кое изискува брзо и ефикасно решение, без никакво одлагање. Сметал дека економските проблеми на грчките и турските бегалци изискуваат најголемо внимание: "Ваквата размена ќе ѝ обезбеди на Турција моментално најдобри услови со неопходната популација да ја продолжи експлоатацијата на обработливото земјиште во областите кое го напуштаат Грците. Областите во Грција со муслиманско население ќе створат можност за самоиздржување за бегалците концентрирани во градовите ширум Грција." Нансен сфатил дека тешкотиите биле огромни, дека размената изискува преместување на повеќе од милион луѓе. Истакнал: "Искоренувањето на тие луѓе од нивните домови, префрлање во странска држава, регистрирање, проценување и уништување на нивниот поединечен имот кој го оставиле и обезбедување исплата според вредноста на имотот.""

Со спогодбата било ветено дека имотот на бегалците ќе биде заштитен и им било дозволено со себе да носат преносливи работи. Било речено дека работите кои нема да се носат низ Егејското Море, ќе бидат попишани на список, кој ќе им биде проследен на двете влади за надомест. Откако комисијата постигнала договор за подвижните работи, требало да се одреди вкупната сума која секој ќе ја добие за својот неподвижен имот (куќа, земја, кола, итн.) Исто така било ветено дека во новата населба ќе им биде обезбеден истиот имот како тој што го оставиле. Грција и Турција ќе ја проценат вкупната вредност на работите кои останале и разликата ќе ѝ плати на другата држава. Секој имот што ќе остане во Турција ќе ѝ припаѓа на Турција и секој имот кој ќе остане во Грција ќе ѝ припаѓа на Грција. Заради разликата во природата и бројот на население, поседите кои остануваат зад грчката елита во Анадолија биле поголеми од поседите на муслиманските земјоделци во Грција.

Американскиот историчар Норман Нејмарк тврдел дека оваа спогодба била последен дел од кампањата за етничко чистење, да се создаде етнички чиста татковина за Турците. Историчарката Дина Шелтон напишала слично, истакнувајќи дека Лозанската спогодба го комплетирала насилното исфрлање на Грците од Турција.

Бегалски кампови Бегалската комисија немала корисен план за да го следи преселувањето. Кога стигнала во Грција со намера да ги насели бегалците во земјата, комисијата немала статистички податоци ни за бројот на бегалци ни за достапните поседи. Кога стигнала комисијата во Грција, грчката влада веќе настанила 72.581 фармерски семејства, главно во Македонија, каде куќите биле напуштени заради размена.

Во Турција, имотот кој го напуштиле Грците, главно бил опљачкан од имигранти пред приливот на имигранти за размена на население. Како резултат на тоа, било тешко да се сместат бегалците во Анадолија, бидејќи многу куќи биле веќе зафатени од луѓе кои заради војната останале без дом, пред владата да може да ги заплени.

Политички и економски последици од размената Повеќе од милион бегалци кои ја напуштиле Грција после војата во 1922 година, низ различни механизми придонеле за обединување на елитите под авторитарност во Грција и Турција. Во Турција, областите со јака економска елита, православни Грци, ја оставиле доминантната турска елита непредизвикана. Бизнис групите кои ја поддржувале Слободната републиканска партија во 1930-тите, не можеле да го продолжат правилото за еднопартиски систем без опозиција. Преминот на повеќепартиски систем зависел од создавањето јака економска група во средината на 1040-тите, што било задушено заради заминувањето на средната и вишата економска класа Грци. Спротивно на Турција, доаѓањето на бегалците во Грција ја разбило доминантната монархија и старата политика поврзана со републиканците. На изборите во 1920 година, повеќето дојденци го поддржале Елефтериос Венизелос. Сепак, растечките жалби на бегалците предизвикале многумина својата лојалност да ја променат во корист на Комунистичката партија, што придонело за раст на комунистичката моќ. Како одговор на тоа, премиерот Јоанис Метаксас со поддршка на кралот го распуштил парламентот и воспоставил лична диктатура во 1936 година. На тој начин, размената на население ги олеснило промените во политичките режими во Грција и Турција во меѓувоениот период.

Голем број емигранти умрел од епидемии во текот на патувањето и чекањето на бродови за транспорт. Бројот на починати во текот на периодот на емиграција бил четири пати поголем од бројот на новородени. Првите години по доаѓањето, имигрантите од Грација не биле успешни во економијата, со себе ги понеле само земјоделските вештини за производство на тутун. Ова створило значителни економски загуби во Анадолија на новата Турска Република. Од друга страна, Грците кои заминале, биле способни работници, кои ѝ биле верни на традиционалната трговија, како пред капитулацијата на Османлиското Царство.

Влијание на другите етнички народи Додека моменталното учење ја дефинирало грчко-турската размена на верско ниво, размената на население била многу покомплексна, според Лозанската конвенција од 30 јануари 1923 година таа била заснована на етничко ниво. Размената легално им овозможила и на Грција и на Турција да ги очистат етничките малцинства и да формираат национални држави. Покрај тоа, религијата била користена како легитимен фактор за означување на етничките групи како Турци или Грци во размената на население. Како резултат на тоа во размената биле преселени православни Грци од Турција и муслимани од Грција. Сепак, заради разновидност на природата на тие бивши османлиски земји, многу други етнички групи имале социјална и правна основа да учествуваат во размената. Меѓу нив биле Грците протестанти и католици, Арапи, Албанци, Срби, Руси, Романци, Македонци, Бугари и православни со мајчин турски јазик.