Ричард Мајкл Лок (, р. 22. април 1959 година во Бостон, Масачусетс, САД) е американски политиколог. Лок од јули 2015 година е проректор за академски прашања на Брауновиот универзитет. Тој беше четвртата личност назначена на оваа позиција во период од шест години, откако неговиот претходник Вики Колвин поднесе оставка по помалку од една година на позицијата. Лок е експерт за работнички права и корпоративна општествена одговорност. Пред да стане проректор, тој ја беше директор „Хауард Р. Свеарер“ на Вотсоновиот институт за меѓународни и јавни работи при Брауновиот универзитет. Претходно, Лок беше продекан на Слоановата школа за менаџмент при Масачусетскиот институт за технологија.

Наводи

Категорија:Родени во 1959 година Категорија:Американци Категорија:Политиколози Категорија:Апсолвенти на Веслејановиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Масачусетскиот технолошки институт Категорија:Професори на Брауновиот универзитет Категорија:Професори на Масачусетскиот технолошки институт Категорија:Проректори на Брауновиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Чикашкиот универзитет