Даворин Савник (7 септември 1929 – 14 април 2014) бил индустриски дизајнер и архитект од Словенија.
Тој ја стекнал светската слава со дизајнирањето на - Искра ЕТА 80 Телефон , произведен во фабриката Искра во Крањ во 1978 година. Животопис Даворин Савник е роден во Крањ во 1929 година. Студирал на Архитектонскиот факултет, градежништво и геодезија и на Академијата за музика во Љубљана . Подоцна студирал индустриски дизајн во Злинво Чешка. Специјализирал во Обединетото Кралство, Италија и САД. Во почетокот се занимавал со музика, а подоцна станал дизајнер во фабриката Искра во Крањ, каде работел многу години. По напуштањето на Искра, тој ја започна својата независна кариераMoMA u New Yorku.
Стручна работа Како дизајнер Даворин Савник работел во Искра , Крањ, на Институтот за автоматизација, од 1958 до 1961 година. Од 1968 до 1973 година бил Директор за дизајн во Искра Комерц во Љубљана, а од 1973 година работел како фриленсер. Тој се здоби со меѓународен углед а за неговата работа пишувале во во Јапонија, САД, Велика Британија, Русија.
Телефон ЕТА 80
Телефон ЕТА 80 бил дизајниран од Савник во 1978 година и имал освоено бројни награди за дизајн ширум светот. Искра имала произведено повеќе од 5 милиони од овие телефони.
По успехот што го постигнал дома, поради лошата патент заштита , телефонот е плагиран во целиот свет. Според грубите проценки, повеќе од 300 милиони примероци се изработени ширум светотРетро телефонот кој сите го имаме дома, а се наоѓа и во Музејот на модерна уметност во Њујорк. Награди и признанија
Награда БИО , 1979 година признание на Центарот за дизајн од Штутгарт признание за дизајн на Меѓународниот саем во Хановер највисоко признание од Јапонија - Министерството за трговија и индустрија златен медал на Саемот во Брно
Наводи
Надворешни врски Museum of Modern Art, MoMA Museum for Architecture and Design (13) Deloindom.si Val202.si Gorenjci.si G-Mark La Repubblica.it
Категорија:Словенечки архитекти Категорија:Словенечки индустриски дизајнери Категорија:Починати во 2014 година Категорија:Родени во 1929 година