мини|Островот Араки се наоѓа во Вануату Араки (бислама: Araki) е мал карпест остров во покраината Санма во Вануату.
Географија Араки се наоѓа јужно од Еспириту Санто. Вкупната површина на островот е 2,5 км2. Оддалеченоста од Еспириту Санто е околу 3 милји.
Население Поради самата големина на островот, бројот на жители на Араки бил отсекогаш мал. Според пописот од 1897 година имало 103 жители, во 1989 имало 112 а во 1999 година имало 121 жител. Според последниот попис од 2009 година имало 140 жители.2009 Census Summary release final - Government of Vanuatu Сепак, населението е на честа релација Араки - Еспириту Санто.
Населението е поделено на 5 села. Од запад кон исток тие се: Пелинта, Парили, Парили Ару, Винапахура и Сопе. Главен јазик на осровот е аракискиот јазик, кој денес е во изумирање поради подоминатните бислама и тангоански јазик..
Стопанство Главна стопанска активност на островот е градинарството. Дополнително, луѓето се занимаваат и со експлоатирање на природните ресурси на островот и рибарство. Продажбата на земјоделски култури и морски плодови се одвива на Еспириту Санто.
Наводи François, Alexandre. 2002. Araki: A disappearing language of Vanuatu. Pacific Linguistics, 522. Canberra: Australian National University. 375 pp. (Publisher's page).
Надворешни врски Карта на Араки
Категорија:Острови во Вануату Категорија:Санма