Стеќак, (кирилица српски) - стећак, ; множина:стеќци, (кирилица српски) стећци, е името на монументалните средновековни надгробни споменици, кои се распространети низ Босна и Херцеговина, и граничните делови на Хрватска, Црна Гора и Србија. Околу 60000 се наоѓаат во границите на денешна Босна и Херцеговина, а остатокот од 10 000 се наоѓаат на териториите од: Хрватска (4400), Црна Гора (3500) и Србија (2100), на повеќе од 3300 локации за жал на 90% се во лоша состојбаStećci Medieval Tombstone Graveyards.

За првпат се појавуваат во средината на 12 век, распространувајќи се на многу локации во 13 век, додека во 14 и 15 век, го достигнале својот потполн развој, пред да исчезнат за време на Отоманското освојување на Босна и Херцеговина на почетокот на 16 век.

Стеќците беа внесени во списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО во 2016 година. Во неа се опфатени од 4000 стеќци на 28 некрополи - од кои 22 од Босна и Херцеговина, две од Хрватска, три од Црна Гора и три од Србија.

Потекло на поимот

Потеклото на називот е изведено од старословенскиот збор Стојечак, што во буквален превод значи - исправена, висока, човечка фигура. Во Херцеговина тие се нарекуваат и машети (на италијански јазик - масето значи „голема карпа“, или турски маршет - значи „надгробен споменик на паднатиот херој“. Во Централна и Западна Босна како мамори / мраморје / маморови ( мермерни), додека во Србија и Црна Гора како усаџеник.

Иако под името стечак се подразбира висок монолитн исправен камен, во 20 век зборот стечак беше прифатен во науката како општ термин, вклучително и за надгробните плочи (т.е. плоше). Оригиналната референца за самиот збор стеќак е неизвесна и се чини дека е модерна кованица, затоа што може да се проследи само од белешката на Иван Кукуjeевиќ Сакцински од 1851 година, додека во речникот на Вук Караџиќ од 1852 година (во првото издание од 1812 година терминот воопшто не постоел). Поради тоа во стручната литература и кругови се користи терминот камик којшто е поблиску до оригиналното значењеŠta su stećci?.

Особености Дефиниција

Тие се карактеристични за територијата на денешна Херцеговина, централна Босна, Подриње и Далмација (особено јужно од реката Цетина) и некои помали делови на Црна Гора, Косово и Западна Србија, Посавина и Северозападна Босна.

Стеќците се опишани како хоризонтални и вертикални надгробни споменици, изработени од камен, со рамна или обработена површина, со или без подножје. Заедничката класификација била основана од Дмитриј Сергејевски во 1952 година. Според Шефик Бешлагиќ, постојат седум главни видово: плочи, попрсја, фигури со пиедестал, обработка / фронтон, гребен / фронтон со подножје, столб и крст. Додека според Ловновиќ, во Радимља има девет типа: плоча, плоча со подножје, попрсје, попрсје со пиедестал, фигури, фигури со подножје, саркофаг (т.е. гребен / фронтон), саркофаг со пиедестал , крстоносен.

Хронологијата утврдена од Маријан Вензел претпоставува дека најстарите форми потекнуваат од 1220 година во вид на плочи, на плочата, монументалните се појавиле некаде околу 1360 година, оние со визуелни резби околу 1435–1477 година, а нивната изработка завршила кон 1505 година. Сепак, некои сметаат дека тоа траело до крајот на 16 век, со ретки примери кои продолжиле до 18 век.

Декорации Најзабележителна одлика се нивните украсни мотиви грубо поделени во шест групи, кои се надополнуваат едни со други: социјални симболи, религиозни симболи, слики од посмртните претстави коло, фигурални слики, чисти украси и некласифицирани мотиви (најчесто симболични, геометриски).

Многу од нив остануваат неразјаснети до ден-денес; спирални, аркади, розети, лозови лисја и грозје, гирланди, ѕвезди (честопати со шестаголници) и полумесечина. Фигуралните слики вклучуваат групи на елени, коњи, лов и најчесто човек со подигната десна рака.

Најчесто визуелните претстави на надгробните споменици не можат едноставно да се толкуваат како вистински сцени од животот, туку исклучиво со симболичко објаснување, сè уште недоволно разјаснето.

Во суштина, стеќците се своевиден белег, знак, верување и патоказ кој го објаснува ритуалот на смртта што ја води душата кон другиот свет и обновувањето на животот.

Симболиката на Месечината и ѕвездите (Сонцето), кои често се наоѓаат во претставите, може да се проследи во комбинацијата на паганските и христијанските верувања, шесткраката ѕвезда ја претставува Венера (во словенската митологија наречена Деница) и со Месечината би можеле да претставуваат „астрален брак“, или дури и митраизам, според кој, мртвото тело оди на Месечината, а душата кон Сонцето, додека некои сметале за поврзаност меѓу астралните симболи со позицијата на небесните тела во времето на смртта на починатиот.Stećci, Bosnia and Herzegovina.

Резба Резбањето и обработката на каменот биле од мајстори клесари а написите од учени кои биле нарекувани писари. До сега се познати 33 имиња на клесари меѓу кои најзабележителен е Грубаш којшто бил и клесар и писар. Најзначаен писар бил Семорад, кој исто така работел околу Столац. Се смета дека занаетот бил стекнуван во Далмација и Рагуза.

Стеќците претежно биле клесани од огромни блокови, претежно од варовник. Некои стечци тежеле повеќе од 29 тони, а се претпоставува дека биле транспортирани со превоз на коњи или волови а најтешките со комбинација на санки и трупци. Тие беа поставувани директно над гробот, најчесто во насока Запад-Исток, како што биле и починатите. Тоа било поврзано со патот на Сонцето - мртвите да го гледаат изгрејсонцето.

Потекло Постојат различни и сè уште неубедливи теории за нивната културно-уметничка, верска и етничка припадност. Според вообичаената теза, особено претставена од Бешлагиќ, стеќците се оригинален босанско-херцеговски културно-уметнички средновековен феномен. Некои научници како Милован Гаваци (1978), смета дека тие имаат многу поширок контекст - поврзаност со мегалитската традиција на регионот од Евроазија од праисторискиот и современиот период.

Религија

Од средината на 19 век, поточно од тезата од 1875 година на Артур Еванс, многу научници, меѓу кои и Александар Соловиев, Коста Хорман и Чиро Трухелка, тврдеа дека тие биле поврзани со Босанската црква, односно Богомилите или други дуалистички движења.

Најновите истражувања откриваат во потекло на симболичките мотиви паралела со старите средоземни спиритуалисти и религиозни концепти, со романескната уметност, со претхристијански, христијански и манихејски (т.е. Богомилски) движења. Подигнати биле и украсени од население нецелосно христијанизирано.

Етничкото потекло Етничкиот идентитет на стеќците сè уште не е целосно разјаснет. Досега доминантната, но сè уште нецелосно прифатена, теоријата ги поврзува со автохтоните влашки заедници на Балканот. Противниците на оваа теорија сметаат дека нивниот демографски број бил премал, дека Власите не ги граделе од падот на Западното Римско Царство, или дека митолошките симболи се поврзани со старословенските, а не со „влашките“ пагански верувања.

Наследство

Една од нивните енигми е фактот што тие не биле споменати во локални и странски средновековни документи. Францисканските хроники кои забележале бројни хроники и согледби, документирано потврдени, како турски гробишта, не ги споменувале. Народната традиција ја сочувала митската перцепција полна со суеверија и фантастични приказни. Тоа подразбира дека се случило дисконтинуитет на историската меморија кај сите три етнички групи, предизвикани од етнички миграции и религиозни преобрази за време на османлиската окупација. Се смета дека првото споменување на стеќците е на Бенедикт Курипешиќ од 1530 година. Евлија Челебија во 1626 година ги опишал како споменици на надгробни споменици на некои непознати херои. Првата јавна презентација на стечците во Европа му се припишува на руски имигрант и југословенски дипломат, роден во Полска, Александар Соловиев (1890-1971). Тој пишувал за нив во придружниот проспект на париската изложба „Средновековна уметност на тлото од Југославија“ (1950). Првата регионална јавна презентација се одржа во 2008 година во галеријата Кловиштеви Двори и претставува пример за поттикнување јавен дијалог меѓу четири нации.Тие влијаеле на различни уметнички форми и беа инспиративни теми за вајари, сликари, поети, филмаџии, писатели и фотографиstećci .

Најпознати стеќци Стеќците се вообичаено концентрирани во групи: во гробиштата на одделни семејства со неколку гробови, во гробниците на цели семејства со приближно 30 до 50 гробови, големи некрополи во руралните средини, со по неколку стотици гробови. Примери на семејна некропола се оние на Санковиќ во селото Бискуп близу Коњиќ, од Милорадовиќ-Стјепановиќ (Храбрени) во Радомиња кај Столац, од Павловиќ близу Сараево и од непознато семејство кај Доња Згоча крај Какањ. Денес многу стеќци се изложени во градината на Националниот музеј на Босна и Херцеговина во Сараево. Средновековната некропола Мраморје во Србија е дел од списокот на споменици на културата од исклучителна важност. Некои други забележителни или изучувани поединечни стечци:

Се смета дека најстариот познат стеќак е оној на Грдеша, жупан од Требиње од 12 век.

Се смета дека најстариот познат стеќак со натпис е оној на Марија, сопруга на свештеникот Дабижив, со врежана година - 1231 година, близу Столац.

Гробиштата на Влатко Вуковиќ - Косача обележани во близина на селото Боjуни во близина на Столац, Босна и Херцеговина, од крајот на 14 век. Натписот на гробот е напишан на босански кирилица.

Двата стеќци кои му припаѓале на Јерко Кустражиќ и неговата сопруга Владана од средината на 15 век, во Циста кај Имотски и Сплит, Хрватска.

Стеќак на Богданиќ (син на Радмил) кој умрел во битка во средината на 15 век, направен од клесарот Јурина, во Ловреч, ХрватскаStećci of Bosnia & Herzegovina, Serbia & Monte Negro.

Локации на УНЕСКО

Година Име Локација Координати 1504-001 Радомиља Столац (Босна и Херцеговина) 1504-002 Грчка главица Бискуп, Коњиц (Босна и Херцеговина) 1504-003 Калуфи Крекови, Невесиње (Босна и Херцеговина) 1504-004 Борак Бурати, Рогатица (Босна и Херцеговина) 1504-005 Мацуље Нови Травник (Босна и Херцеговина) 1504-006 Дуго поље Блидиње, Јабланица (Босна и Херцеговина) 1504-007 Гвозно Калиновик (Босна и Херцеговина) 1504-008 Гребенице во Радмиловиќ Дуброва, Баљци, Билеча (Босна и Херцеговина) 1504-009 Биљеча Љубишка (Босна и Херцеговина) 1504-010 Оловци Кладањ (Босна и Херцеговина) 1504-011 Мрамор Мушичи, Олово (Босна и Херцеговина) 1504-012 Кучарин Хранчичи, Горажде (Босна и Херцеговина) 1504-013 Билуњи Столац (Босна и Херцеговина) 1504-014 Долови Умољани, Трново (Босна и Херцеговина) 1504-015 Лубурича поље Соколац (Босна и Херцеговина) 1504-016 Поткук Бутиња, Берековичи (Босна и Херцеговина) 1504-017 Бечани Шековичи (Босна и Херцеговина) 1504-018 Мрамор Врбица, Фоча (Босна и Херцеговина) 1504-019 Čengića Bara Kalinovik (Босна и Херцеговина) 1504-020 Равањска врата Купрес (Босна и Херцеговина) 1504-021 Велика и мала Црвљивица Циста Велика (Хрватска) 1504-022 Св, Барбара Дубровка, Конавеле (Хрватска) 1504-023 Грчко гробиште Жабљак (Црна Гора) 1504-024 Баре Жугича Жабљак (Црна Гора) 1504-025 Грчко гробиште Плужине (Црна Гора) 1504-026 Мраморје Перучац, Бајина Башта (Србија) 1504-027 Мраморје Растиште, Бајина Башта (Србија) 1504-028 Грчко гробиште Хрта, Пријепоље (Србија) Галерија

Литература Dubravko Lovrenović, Sarajevo, 2009 -STEĆCI - BOSANSKO I HUMSKO MRAMORJE SREDNJEG VIJEKA

Наводи

Надворешни врски

Omer Đulić, Stećci na Radimlji Suvremeni Bogumili Nenad Azizin Tanović, stećci ili oblici bosanskih duša (Ova knjiga ne prestavlja skup autenticnih natpisa sa stecaka nego literarno djelo Azizina Tanovica nastalo 1994 godine) Vulgarizacija stećaka Crteži motiva sa stećaka Ragib Lubovac Čelebija: Stećci bosanski stil, Šahinpašić, Sarajevo 2016

Категорија:Богомилство Категорија:Надгробни споменици Категорија:Средновековни европски скулптури Категорија:Камена уметност во Европа Категорија:Камена уметност во Босна и Херцеговина Категорија:Светско наследства во Босна и Херцеговина