Темјанушки — императорско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петер Карл Фаберже за руското императорско семејство. Било изработено и доставено во 1899 година од ателјистот на Фаберже, Михаил Перхин. Јајцето било направено во чест на мајката на императорот Николај II, Марија Фјодоровна.
Тоа е едно од двете јајца во југендстил (другото е Момини солзи).
Дизајн
Јајцето е направено од нефрит и има постолје направено од позлатено сребро во облик на гранки, кои се вртат околу подножјето на јајцето. Околу страните се наоѓаат пет темјанушки со емајлирани ливчиња. На врвот на јајцето е купола од нефрит, од каде излегува изненадувањето на јајцето.
Изненадување
Кога копчето е притиснато се откриваат минијатури на императорското семејство. Читајќи вертикално, оние во првиот ред се: големиот војвода Гиоргиј, најмладиот син на императорот и во тоа време престолонаследник големиот војвода Александар, зет на императорот
Во вториот ред се: самиот император големата војвотка Ирина, единствената внука на императорот
Во третиот ред се: големата војвотка Олга, првото дете на императорот големата војвотка Татјана, нивното второ дете големиот војвода Михаил, најмладиот брат на императорот
Во четвртиот ред се: императорката Александра Фјодоровна големиот војвода Андреј, внук на императорот
Во петтиот ред се: големата војвотка Олга, сестра на императорот големата војвотка Ксенија, сестра на императорот
Поврзано Фабержеови јајца
Наводи
Надворешни врски
Детали за секое од Фабержеовите јајца
Категорија:Дела од 1899 година