Палацо Ферерија, официјално Palazzo Buttiġieġ-Francia,Gauci, Joseph (19 January 2009). "Brief history of Palazzo Ferreria" . Times of Malta. Retrieved 10 November 2015. – дворец во близина на влезот во Валета, главниот град на Малта. Бил изграден кон крајот на 19 век. Го дизајнирал архитектот Џузепе Бонавија, тој е првата градба на островите со дрвени балкони. Тој е национален споменик од прв ред.

Историја Во дворното место на дворецот постоела леарница од Малтешки редМалтешкиот ред која изработувала вооружување за витезите. Џузепе Бутиџиег и неговата жена Џована Камилери го добиле местото од владата и го изградиле дворецот Ферерија кон крајот на 19 век. На фасадата видливи се грбовите на Бутиџиег и Камилери. Дворецот ѝ бил оставен како мираз на нивната ќерка Тереза Бутиџиег. Таа се омажила за полковникот Џон Луис Франсија чие име дворецот го носел извесно време. Франсија бил шпански државјанин од британската колонија Гибралтар, и двајцата се запознала на Малта каде Франсија бил на служба со Британската армија.

Палацо Ферерија е вториот најголем дворец во Валета, после Дворецот на големиот мајстор.

left|200px|мини|Во текот на Втората светска војна, повеќе градби во Валета претрпеле структурни оштетувања, Палацо Фереррија (лево) претрпел минимални штети

Семејството Франсија живеело во дворецот до после Втората светска војна, во 1947 година. Војната ги уништила или делумно оштетила повеќето градби во Валета. Работничката влада, предводена од Дом Минтоф, изнајмила дел од дворецот од Франсија за Одделот за јавни работи, за да ја обнови Валета од воените оштетувања. Семејството држело мал дел од дворецот како стан кој денес се користи како министерска канцеларија на Малтешката влада. Франсија ѝ го продале дворецот на владата, која повторно ја предводена од премиерот Дом Минтоф, во 1979 година. Денес во приземјето на дворецот има повеќе продавници.

мини|десно|Еден од влезовите на Палацо Ферерија, денес продавница за облека.

Архитектура Архитектот на Палацо Ферерија бил Џузепе Бонавија, кој исто така ги проектирал Кула Белведере и Ла Борса. Бонавија бил првиот архитект кој ги вовел дрвените балкони на фасадите, почнувајќи од Палацо Ферерија. Тоа имало влијание на повеќе архитекти и малтешкото населени воопшто, нешто што е сè уште видливо и денес. Дворецот е прогласен национален споменик од прв ред од страна на Малтешкиот уред за планирање и животна средина.http://www.timesofmalta.com/articles/view/20090106/opinion/one-world-protecting-the-most-significant-buildings-monuments-and.239713

Галерија Внатрешност на Палацо Ферерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дворци Категорија:Малта