Амбае или Аоба (бислама: Ambae, Aoba) — остров во покраината Пенама во Вануату. Островот се наоѓа на околу 165 километри северозападно од Порт Вила, главниот град на државата.
Географија Островот е со вулканско потекло, округлест е и доста планински. Островот е покриен со вегетација, населените места се опколени и со мали шуми. На островот има плантажи. Нема постојан извор на питка вода, освен езерата на врвот на кратерот во средишниот дел на островот. Сепак, езерата не се достапни. Луѓето имаат канали и резервоари за собирање питка дождовна вода. На островот нема реки, но сето ова не влијае врз потребите за вода на луѓето Климата е тропска со просечни годишни температури од 30 степени.
Амбае е всушност врвот на вулканот Манаро Вуи, кој се издига 1,496 метри над нивото на морето, или околу 3,900 метри мерејќи од морското дно.
Население Островот има население од околу 11,000 жители,2009 Census Summary release final - Government of Vanuatu поделени во 3 или 4 јазични групи (источноамбаески јазик, западноамбаески јазик и јужноамбаески јазик.
Сообраќај На Амбае има три писти кои ги користи Air Vanuatu: Аеродром Валаха на југозапад, Аеродром Редклиф на југг и Аеродром Лонгана во североисток.
Наводи
Поврзано Пенама Вануату
Надворешни врски Вулкани: Амбае Вануату Травел: Амбае
Категорија:Острови во Вануату Категорија:Пенама Категорија:Активни вулкани Категорија:Кратерски езера