Тана (бислама: Tanna или Tana) е остров во покраината Тафеа во Вануату.
Географија Островот има најголема должина од 40 километри и ширина од 19 километри. Вкупната површина на островот е 550 км2. Највисока точка на островот е Тукосмера со 1.084 метри надморска висина.
Во источниот дел на островот, североисточно од врвот, се наоѓало езерото Сиви. Во април 2000 година, по обилни врнежи, езерото истекло кон Сулфурниот залив, при тоа уништувајќи го селото во близина. При оваа непогода немало жртви.
Вулканот Јасур е активен вулкан кој се наоѓа во југоисточниот дел на островот. Вулканот е лесно достапен и позната локална туристичка атракција.
Население Овој остров е најнаселен во покраината Тафеа, односно има 29.000 жители.2009 Census Summary release final - Government of Vanuatu Тана е еден од најнеселените во државата. Административен центар на Тафеа е Исангел, а најголемо населено место е Ленакел.
Тана е скоро цел населен од Меланезијци и следат традиционален животен стил.
Јазик На островот се зборуваат меланезиски јазици, односно: кмаерски јазик, југозападен танански јазик, севернотанански јазик, ленакелски јазик и источнотанански јазик. Овие јазици често се именуваат како танански јазици, дел од групата на јужновануатски јазици од семејството на австронезиски јазици. Голем дел од населението зборува и на бислама.
Сообраќај На островот функционира Аеродром Вајтгрес.
Наводи
Поврзано Тафеа Вануату
Надворешни врски
Pacific Island Travel Јазици на Тана Фотографии од Тана
Категорија:Тафеа Категорија:Острови во Вануату Категорија:Држави и територии настанати во 1980 година Категорија:Држави и територии настанати во 1974 година