мини|Во римската митологија, Марс бил бог на војната и мажественоста. Мажественоста претставува низа од својства, очекувања и објаснувања поврзани со поведението и однесувањето на машкиот пол. Мажественоста како содржина на родот поврзан со машкиот пол е општествено изградено однесување како спротивност на женственоста како општествено изградена содржина поврзана со женскиот пол. Карактеристичните мажествени својства се поврзани со низа стереотипи, кои го ситуираат машкиот статус и положба: агресивноста, рационалноста, амбициозноста, независноста се некои од описите, но и очекувањата како треба да изгледа или да се однесува машкиот пол.

Преглед Стандардите на мажественост или машкост варираат во различни култури, поткултури, етнички групи и историски периоди. Особините кои традиционално се сметани за машки во западното општество се сила, храброст, независност, водство и самоувереност.Thomas, R. Murray (2001), "Feminist perspectives", in Кога учеството на жените во трудот се зголемило, имало мажи кои се чувствувале помалку удобно во својата машкост бидејќи им било сè потешко да го потврдат својот статус на хранител.

Академските студии за машкоста привлекле зголемено внимание во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, при што бројот на курсеви на оваа тема во Соединетите Држави се зголемил од 30 на над 300. View online preview. Ова предизвикало истражување на пресекот на машкоста со концепти од други области, како што е општестваната конструкција на родовата разлика]] (застапена во голем број филозофски и социолошки теории).

Луѓето без разлика на биолошкиот пол може да покажат машки особини и однесување. Оние кои покажуваат и машки и женски особини се сметаат за андрогени, а феминистичките филозофи тврдат дека родовата двосмисленост може да ја замагли родовата класификација. Pdf.

Историја Концептот на мажественост варира историски и културолошки. Бидејќи она што ја сочинува мажественоста варира според времето и местото, според Равин Конел, посоодветно е да се дискутира за „мажественоста“ отколку за единствен сеопфатен концепт.

Античко време Античката книжевност датира од околу 3000 п.н.е., со посебни очекувања за мажите во облик на закони и имплицирани машки идеали во митовите за богови и јунаци.

Во својата книга „Германија“ (98 н.е.), Такит изјавил дека мажите од античките германски племиња се бореле агресивно во битка за да ги заштитат своите жени од заробеништво од непријателот.

Среден век и викторијанска ера Џефри Ричардс ја опишува европската „средновековна машкост која во суштина била христијанска и витешка“. Храброста, почитта кон жените од сите класи и великодушноста го карактеризираат претставувањето на мажите во книжевната историја. Според Дејвид Розен, традиционалниот став на изучувачите(како Џ. Р. Р. Толкин) дека Беовулф е приказна за средновековното јунаштво ги занемарува сличностите помеѓу Беовулф и чудовиштето Грендел. Машкоста на примерот на Беовулф ги „отсече мажите од жените, другите мажи, страста и домаќинството“.Rosen, David (1993), "The armor of the man-monster in Beowulf", in

Боксот бил професионализиран во Соединетите Држави и Европа во 19 век; ги истакнал физичките и конфронтирачките аспекти на мажественоста.Christopher David Thrasher, Fight Sports and American Masculinity: Salvation in Violence from 1607 to the Present (2015). Боксот со голи зглобови без ракавици ја претставувал „машката уметност“ во Америка од 19 век.Elliott J. Gorn, The Manly Art: Bare-Knuckle Prize Fighting in America (1986).

Маженственоста кај жените Иако често се игнорирани во дискусиите за мажественост, жените исто така можат да изразат машки особини и однесувања. Во западната култура, женската машкост е кодифицирана во идентитети како што се „томбој“ (Tomboy) и буч (Butch). Иако женската машкост често се поврзува со лезбејство, изразувањето машкост не е поврзано со сексуалноста на жената. Во феминистичката филозофија, женската машкост често се одликува како вид на родова изведба што ја предизвикува традиционалната мажественост и машката доминација.Review of: and:

Жените кои учествуваат во спортови, особено во спортови во кои надвладејуваат мажи, понекогаш се опишувани како машки. Иако традиционалните родови норми постепено се менуваат, спортистките, особено оние кои учествуваат во спортови во кои надвладејуваат мажи, како што се бокс, кревање тегови, американски фудбал, рагби, хокеј на мраз и мотоспорт, сè уште често се сметаат за отстапување од границите на женственоста и може да претрпат негативни коментари.

Здравјето кај мажите Доказите укажуваат на негативното влијание на машкоста врз однесувањето на мажите поврзани со здравјето, при што мажите од Соединетите Држави прават 134,5 милиони помалку посети на лекар годишно од жените. Дваесет и пет проценти од мажите на возраст од 45 до 60 години немаат личен лекар, што го зголемува ризикот од смрт од срцеви заболувања. Мажите меѓу 25 и 65 години имаат четири пати поголема веројатност да умрат од срцеви болести отколку жените, а поголема е веројатноста да им биде дијагностицирана смртоносна болест поради нивната неподготвеност да одат на лекар. Наведените причини за непосетување лекар вклучуваат страв, негирање, срам, несакање на ситуации надвор од нивна контрола и верување дека посетата на лекар не вреди време или цена.

Студиите на мажи во Северна Америка и Европа покажуваат дека мажите кои консумираат алкохолни пијалаци често го прават тоа за да исполнат одредени општествени очекувања за мажественост. Додека причините за пиење и алкохолизам се сложени и различни, родовите улоги и општествените очекувања имаат силно влијание охрабрувајќи ги мажите да пијат.

Мажите, момчињата и луѓето од машки пол при раѓање се соочуваат со родова полиција од луѓе кои мислат дека не се доволно мажествени. Родовата полиција може да го зголеми ризикот од алкохолизам, анксиозност и депресија.

Наводи

Дополнителна книженост Современи

Also available as:

Историски

, Historiography.

Надворешни врски

Библиографски The Men's Bibliography, сеопфатна библиографија за пишување за мажи, маскулинитис, пол и сексуалност, набројувајќи над 16.700 дела. (главно од конструкциска перспектива) Boyhood Studies, прикажува повеќе од 2200 библиографии на млади мажи. Други Men in America, серијал од National Public Radio

Категорија:Маженственост Категорија:Антропологија Категорија:Општествен конструционизам