мини|Фотографија од Ричард Добинс Ричард (Дик) Ендру Добинс (, 15. јули 1925 година во Берлингтон, Масачусетс, САД - 8. мај 2015 година) беше американски инженер и физичар. Неговите придонеси кон истражувањето на аеросоли се меѓународно наградувани, а особено важна е неговата истражувачка дејност за создавањето на саѓа при согорување. Овие трудови поставуваат темели на науката за животната средина и климатските промени.
Добинс беше син на земјоделци-доселеници од Ирска. Тој служи во американската морнарица за време на Втората светска војна. По крајот на војната, тој ги завршува своите додипломски студии на Харвардовиот универзитет на програмата за инженерство и физика. Подоцна, Добинс магистрира на универзитетот „Нортистерн“ со насока во физика во 1958 година и докторира на Принстонскиот универзитет во областа на воздухопловното инженерство во 1961 година. Неговата целосна кариера на Брауновиот универзитет каде предава во областа на механиката на флуиди и термодинамиката до 1993 година. Добинс активно работи на истражувачка дејност до 2011 година. Во текот на својата кариера тој ја вршел и улогата на директор на Дивизијата за инженерство. Истражувачката дејност го носи Добинс да учествува на бројни размени на знаење, вклучувајќи ги и тие на Калифорнискиот технолошки институт, Абаданскиот институт во Иран и поранешното Национално биро за стандарди на САД.
Професорот Добинс е добитник на бројни награди и признанија, вклучувајќи ја наградата „Дејвид Синклер“ за достигнувања во истражувањето на аеросолите. Тој беше член на почесните друштва Тау Бета Пи и Сигма Хи, како и на Институтот за согорување, Американското физичко друштво, Американското друштво на машински инженери итн.
Во 1953 година, Добинс се ожени со Јона М. Блејк со која подоцна имаа две ќерки.
Наводи
Категорија:Родени во 1925 година Категорија:Починати во 2015 година Категорија:Американци со ирско потекло Категорија:Физичари Категорија:Инженери Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Нортистерн“ Категорија:Апсолвенти на Принстонскиот универзитет Категорија:Професори на Брауновиот универзитет