Манастир — археолошко наоѓалиште во виничкото село Драгобраште. Претставува средновековна црква и некропола. Во маалото Блатешко, при рамнење на теренот за изградба на црква мештаните откриле темели од мала еднокорабна црква, а наоколу гробови. Денес во ново изградена црква се наоѓа мал жртвеник - ара од камен, кој бил донесен од наоѓалиштето Драгобрашко Градиште.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 97, ISBN 9789989101069

Поврзано Белтечке Маало — населба од доцноантичко време; Вршник — населба од доцноантичкото време; Драгобрашко Градиште — градиште од римското време; Свети Спас — старохристијанска базилика; Селиште — населба и некропола од доцноантичкото време; Црвено Брдо — могила од римското време; Драгобраште; Список на археолошки наоѓалишта во Виничко; Список на средновековни некрополи во Македонија;

Наводи

Категорија:Драгобраште