Грегори Филип Крафорд (, р. 1965 во Елирија, Охајо, САД) е американски инженер и физичар. Тој моментално ја врши должноста на 22ри ректор на Мајамскиот универзитет во Оксфорд, Охајо. Претходно Крафорд беше проректор на универзитетот „Нотр Дам“ близу Саут Бенд, Индијана, САД. Неговата научна екпертиза е во оптика, фотоника и меки материјали за апликации во биомедицината.
Крафорд ги завршува сите степени на високо образование на Кентскиот државен универзитет во областа на математиката и физиката. Неговата докторска дисертација е од областа на хемиската физика на тема „Површинско вкотвување и еластични својства на ограничени течни кристали“. По докторирањето кратко работи како постдокторски научен соработник и се испробува во приватниот сектор. Во 1996 година се враќа во академските кругови како доцент на Брауновиот универзитет во Провиденс, Род Ајленд, САД. Таму, Крафорд предава инженерство и физика, а евентуално ја достигнува и деканската позиција во Дивизијата за инженерство. По влегувањето во управата, тој се префрла на универзитетот „Нотр Дам“ како декан на Колеџот за наука, а потоа ја води и универзитетската иницијатива за Калифорнија како проректор. Во 2016 година, Крафорд е назначен за ректор на Мајамскиот универзитет.
Крафорд е автор на повеќе од 400 научни трудови и доделени му се 21 патент за неговите изуми. Добитник е на бројни награди за истражувачката и педагошка дејност.
Во приватниот живот, Крафорд е оженет со Ренејт и има две ќерки. Грегори и Ренејт Крафорд се посветени на филантропија за медицински цели. Во 2010 година, тие возеа со велосипеди преку САД со цел да соберат средства за поддршка на истражувачките напори за наоѓање лек за Ниман-Пиковата болест од тип Ц.
Наводи
Категорија:Родени во 1965 година Категорија:Американци Категорија:Инженери Категорија:Физичари Категорија:Апсолвенти на Кентскиот државен универзитет Категорија:Професори на Брауновиот универзитет Категорија:Професори на универзитетот „Нотр Дам“ Категорија:Професори на Мајамскиот универзитет (Охајо) Категорија:Ректори на Мајамскиот универзитет (Охајо)