Не го поистоветувајте со археолошкото наоѓалиште Цигански Рид во кочанско Оризари.
Цигански Рид — археолошко наоѓалиште во градот Кочани. Претставува средновековна некропола. Лежи во реонот на споменикот на незнајниот борец, оддалечен околу 500 м источно од зградата на Собранието на општината. Во 1982 година, Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил ревизионо ископување при што се откриени 16 гроба без гробни конструкции - слободни закопувања, со разновидни прилози изработени од бронза (белезици, обични и тордирани, обетки, прстени и др.) од XII век. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Кочани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Алењак — некропола од железното време; Бавчалак — доцносредновековна некропола; Барутница — населба од римското време; Влашки Ливади - Влашки Бунар — доцносредновековна населба; Горица — населба од железното и римското време; Гропче — средновековна некропола; Кругот на Касарните — некропола од римското време; Раечки Рид — населба од доцноантичкото време; Стари Лозја - Лукобија — некропола од римското време; Тикишински Лозја — некропола од железното време; Трештена Скала — осамен наод од бронзеното време; Црница — некропола од римското време; Шилести Рид — градиште и некропола од доцноантичкото време; Кочани; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско; Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
Категорија:Кочани