Хелдбург () — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот бил создаден на 1 јануари 2019 година со спојување на поранешните општини Бад Колберг-Хелдбург, Гомпертсхаузен и Хелинген. Се наоѓа 16 километри јужно од окружниот град Хилдбургхаузен и 18 километри западно од градот Кобург.

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Хелдбургер Унтерланд.

Географија Местоположба

Хелдбург се наоѓа на реката Крек, притока на Родах, околу 20 километри оддалечен од Хилдбургхаузен (Тирингија) на север, Кобург (Горна Франконија) на исток и Бад Кенигсхофен (Долна Франконија) на запад. Поголеми градови во близина, по Кобург, се Бамберг, 45 км на југ и Швајнфурт 45 км на југозапад.

Градски единици

Градот Хелдбург е составен од следниве места:

Албингсхаузен Бад Колберг Ајнед Гелерсхаузен Гомпертсхаузен Хелдбург Хелинген Холцхаузен Кеслиц Линденау Попенхаузен Рит Фелкерсхаузен Фолкмансхаузен

Соседни општини

Соседни општини се следниве (од север надесно): Вестхаузен, Штрауфхајн, Бад Родах, Умерштат, Зеслах, Маролдсвајсах, Швајкерсхаузен, Зулцдорф на Ледерхеке, Трапштат и Шлехтсарт.

Историја

Хелдбург бил првпат споменат во 837 година. Се наоѓа на подножјето на истоимената тврдина. Во 1993 година станал дел од општината Бад Колберг-Хелдбург.Heldburg - Geschichte erleben , official website Heldburg

Политика Градски совет

На локалните избори на 26 мај 2019 година со излезност од 71% бил избран Градскиот совет на новиот град со следниве резултати:

Партија/Список % Места CDU 47,7 9 FW/UB 45,5 8 BZH 3,6 1 BCI 3,2 0 Вкупно 100,0 18

Градоначалник

На локалните избори на 26 мај 2019 година бил избран Кристофер Отер (CDU).

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хилдбургхаузен (округ)