мини|271x271пкс|Манчкин мачка Мачката Манчкин или уште како што ја нарекуваат и колбас мачка е понова раса на мачки која се одликува со многу кратки нозе, кои се предизвикани од природна генетска мутација. Манчкин се смета дека е оригиналната раса на џуџеста мачка.

Многу контроверзии избувнаа околу расата кога беше признаена од Меѓународната асоцијација на мачки во 1995 година, со што критичарите ја изразија својата загриженост во врска со потенцијалните здравствени проблеми кои можат да настанат, како и проблемите со движењето кои се јавуваат кај оваа раса. Управниот совет на мачката Фенси не ја признаваат оваа раса како стандардизирана раса.

Името "Манчкин" потекнува од немилосрдните жители на писателот Л. Френк Баум од земјата Манчкин, односно земја во неговиот роман од 1900 година,Волшебникот од Оз.

Историја

Создавање на расата Мачките со кратки нозе се документирани неколкупати низ целиот свет уште од 40-тите години на минатиот век. Еден британски ветеринарен извештај од 1944 година известува за четири генерации на мачки со кратки нозе кои биле слични на нормалните мачки, но се разликувале само во должината на нивните нозете. Оваа линија на мачки со кратки нозе исчезнала во времето на Втората светска војна, но и покрај тоа, други мачки со кратки нозе се појавиле и биле забележани во Русија во текот на 1956 година и во САД во 1970-тите.

Во 1983 година, Сандра Хочендел, наставничка по музичко во Рејвил, Луизијана, пронашла две бремени мачки кои биле бркани од куче и се сокриле под камион, каде таа ги пронашла. Таа чувала една од мачките и ѝ го доделува името Блекбери, а половина од мачиња се родиле со кратки нозе. Хочендел му подарила едно машко маче со кратки нозе од леглото на Блекбери на нејзин пријател, Кеј ЛаФренс од Монро, Луизијана, а таа на мачето му го дава името Тулуза. Од легло на Блекбери и Тулуза се добива денешната раса Манчкин.

Особености мини|Манчкин маче, 7 месеци Стандардите на Меѓународната асоцијација на Мачки ги опишуваат Манчкин како разиграни и интелигентни мачиња. Некои извори наведуваат на тоа дека и покрај тоа што имаат кратки нозе, нивните способности за трчање и скокање не се попречени, додека пак, други сметаат дека нивната способност да скокаат е ограничена поради нивната состојба.

Манчкин има слични одлики како нормалните домашни мачки, а тоа се должи на нивното често вкрстување. Манчкин може да биде мала до средна мачка со умерен тип на тело и среднокадифено крзно. Машките Манчкини обично тежат помеѓу 3 и 4 килограми и обично се поголеми од женските Манчкини, кои обично тежат помеѓу 2 и 3.6 килограми. Задните нозе можат да бидат малку подолги од предните, што создава блага угорница од рамото до задникот. Нозете на Манчкин можат да бидат малку криви, иако прекумерна кривост носи е дисквалификација во натпеварите.

Манчкин можат да ги имаат сите бои и шари на крзното. Исто така, можат да имаат и долго влакно, што е прикажано во посебна категорија, како посебна сорта. Сортата со кратко крзно има среднокадифена наметка, додека долгато крзно има полудолга свилена наметка. Правилата на Меѓународната асоцијација на Мачки овозможуваат употреба на домашна мачка која веќе не припаѓа на призната раса. Сличноста со другите раси е основа за дисквалификација. Не е дозволено да се прикажуваат нестандардни Манчкини.

Во 2014 година, Лилипут, мачка Манчкин од Напа, Калифорнија, била прогласена за најниската стара жива мачка во светот од Гинисовиот рекорд. Таа е висока 13,34 сантиметри.

Здравје Сè уште не е јасно како мутацијата влијае на здравјето на расата. Бидејќи расата официјално била воведена во 1991 година, таа сè уште се смета за млада раса. Имало рани шпекулации дека Манчкин ќе развие проблеми со ’рбетниот столб, кое обично се забележува кај раси на кучиња со кратки нозе, во 1995 година неколку одгледувачи на своите најстари Манчкини со помош на рендген ги испитувале за знаци на проблеми со зглобовите или коските и не пронашле ништо.

Генетската мутација што предизвикува кратки нозе е особина кај Манчкините која се нарекува ахондроплазија,Breeding and Registration Rules: 2.7.3 Genetic Diseases. Fédération Internationale Feline генетско нарушување што настанува кај џуџестиот раст и обично се поврзува со одлики како зголемена глава, секако со кратки нозе, но исто така може да вклучува и симптоми како што се невообичаено мала вилица, зглобови кои изгледаат подебели од нормалните, заоблен ’рбет. Состојбата понекогаш се нарекува хипохондроплазија или псевдоахондроплазија.Genetic Abnormalities of Cats. Messybeast.com Cat Resource Малите големини на леглата кога се вкрстуваат две мачки од Манчкин расата укажува на тоа дека ембрионите кои се хомозиготни за генот на Манчкин не се одржливи.

Сепак, се чини дека постојат два случаи со зголемена зачестеност во расата Манчкин: лордоза (прекумерна искривување на ’рбетот) и имаат дупка во градниот кош. Двете состојби најчесто се забележуваат кај луѓе со псевдоахондроплазија.

Генетика Генот на Манчкин е автозомен доминантен ген.Breeding and Registration Rules: 2.7.3 Genetic Diseases. Fédération Internationale Feline Хомозиготните ембриони за генот на Манчкин не се одржливи и не се развиваат во матката. Само мачиња кои се хетерозиготни за генот на Манчкин се развиваат во мачиња со кратки нозе.Genetic Abnormalities of Cats. Messybeast.com Cat Resource Бидејќи само хетерозиготни (кратки нозе) Манчкин мачки се способни да го пренесат генот, во сите легло со најмалку еден стандарден Манчкин (кратки нозе) родител имаат можност да содржат мачиња со фенотипите: краткии или нормални нозе, со генотипови Мм или мм, каде М е особина на кратки нозе и м е особина на долги нозе. Парењето на двајца родители Манчкини, Mm x Mm, имаат шанса да ги произведат овие потомци: 25% MM - маче што нема да преживее, 50% Mm со кратки нозе, 25% mm - нормални. Добиеното легло ќе биде составено од 2/3 Mm мачиња со кратки нозе и 1/3 мм-нормални.

Изведени раси Манчкин е вкрстена со расата ЛаПерм, кои имаат кадраво крзно, со што се добива расата Скукум, со Сфинкс, која е без влакна, за создавање на Минсин и Бамбино, уште една кадраво обложена раса, Селкирк Рекс, за создавање на Ламбин, група на персиска раса (која ги вклучува Хималаиските и егзотичните Шортаир) до создавање на расата Наполеон, со американската виткана за да се создаде Кинкалоу, со расата шкотски Пати за да се создаде шкотски Килтс, а исто така и со Бенгалска да се создаде Генета.

Наводи

Категорија:Мачешки раси