Иванова Ливада или Икона — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна црква и некропола. Во јужниот дел на именуваната нива, која лежи лево од патот Велмеј - Лешани, на 1 км југозападно од селото, се наоѓа, зарамнета височинка формирана од урнатини на црковна градба. На нејзината средина стои бигорна плоча со димензии: 1.37 × 0.745 (0.685) × 0.11 м. Во горниот дел е вдлабена полукружна ниша(0.23 × 0.18 × 0.03 м), покрај која лево и десно е вдлабен натпис во три реда со старословенски букви (во транскрипција: ПРИЛ.. РИСТО ГОРГИО..) Своевремено плочата била дел од надгробна конструкција. Наоколу се забележуваат остатоци од основата на надградбата.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 242, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бучишта — населба со некропола од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Велмешко Градиште — утврдена населба од бронзеното време; Вишин Дол — утврдена населба и топилница од доцноантичкото време; Гладница — населба од доцноантичкото време; Горица — населба од развиеното средновековие; Горни Јаворец — топилница од доцноантичкото време; Горнополско Градиште — утврдена населба од раниот Среден век; Грамаѓе — некропола од железното време; Икона - Блато — раносредновековна некропола; Калуѓерица — раносредновековна некропола; Кутлина — населба од неолитското, енеолитското, бронзеното и железното време, и раносредновековна некропола; Манастириште — средновековен сакрален комплекс; Оџа Бавча — раносредновековна некропола; Пашина Горица — некропола од доцноантичкото време; Петте Дабје — некропола од доцноантичкото и римското време; Пештера Јаорец — Засолниште од палеолитското време; Писан Камен — некропола од железното време; Попов Дол — некропола од доцноантичкото време и раниот Среден век; Селиште Јаорец — населба од развиениот и доцниот среден век; Селце — населба од развиеното средновековие; Скала — раносредновековна населба и некропола; Скала — топилница од доцноантичкото време; Средна Горица — ранословенска некропола; Црквиште — раносредновековна црква и некропола; Шивлица — раносредновековна црква; Велмеј; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Велмеј