За актуелната црква, видете Црква „Св. Богородица“
Св. Богородица — археолошко наоѓалиште во селото Горно Средоречие во областа Дебрца. Претставува црква и некропола од развиеното средновековие. Се наоѓа на 500 м северно од селото. Селската црква, изградена во 1936 година, е подигната врз темели од постара црковна градба. Околу неа се забележуваат средновековни гробни конструкции од камени плочи со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 247, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Зластрана — населба од неолитското време; Горно Средоречие; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Горно Средоречие