Љубов и бес (италијански: Amore e rabbia) - италијанско-француски филм од 1969 година. Филмот е омнибус од неколку посебни делови режирани од: Бернардо Бертолучи („Агонија“), Марко Белокио, Пјер Паоло Пазолини, Жан-Лик Годар, Елда Татоли и Карло Лизани („Рамнодушност“). Во него, режисерите толкуваат неколку параболи од евангелијата.HRT, Ljubav i bijes, talijansko-francuski film (пристапено на 5.5.2020)

Содржина Рамнодушност Маж и жена доживуваат сообраќајна несреќа во која жената е тешко повредена и мора итно да биде пренесена на болница. Полицијата запира еден возач и ја става жената во неговиот автомобил, наложувајќи му да го ја однесе кон болницата. Меѓутоа, тој скршнува, го остава автомобилот на улица и бега.

Агонија Еден бискуп е смртно болен и има визија на Господ кој му вели дека залудно го потрошил животот. Во собата во која лежи влегува група мажи и жени (глумци) кои во стилот на „Living Theatre“ ги прикажуваат смртните маки. Најпосле, бискупот умира.

Секвенца со цвет од хартија Младо, наивно момче шета по улиците со цвет од хартија, а околу себе среќава луѓе кои се принудени на макотрпна работа за да преживеат. Во позадината се прикажуваат сцени од воени разурнувања. Најпосле, од небото удира молња која го убива момчето поради неговата безгрижност.

Љубов На една тераса седат маж и девојка разговарајќи за друг пар. Притоа, другиот маж и неговата жена водат разговор за демократијата и револуцијата.

Да расправаме, да расправаме Во еден амфитеатар упаѓа група студенти. Тие ја прекинуваат наставата и бараат реформи на универзитетот, а ним им се спротивставуваат професорите и дел од студентите. На крајот доаѓа полицијата која применува сила врз бунтовните студенти.

Наводи

Категорија:Италијански филмови Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови на италијански јазик Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1969 година Категорија:Филмски омнибуси Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Италија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк Категорија:Филмови на Бернардо Бертолучи Категорија:Филмови на Марко Белокио Категорија:Филмови на Пјер Паоло Пазолини Категорија:Филмови на Карло Лизани Категорија:Филмови на Елда Татоли Категорија:Филмови на Жан-Лик Годар Категорија:Филмови со Џулиен Бек Категорија:Филмови со Милена Вукотиќ Категорија:Филмови со Нино Кастелнуово Категорија:Филмови со Катрин Журдан Категорија:Филмови со Том Бејкер Категорија:Филмови со Нинето Даволи