Зглавиница или Старо Село — археолошко наоѓалиште во селото Издеглавје во областа Дебрца. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 2 км северозападно од селото. Ја зафаќа падината на нискиот гребен што се спушта кон левиот брег на реката Сатеска. Во северозападниот дел се наоѓаат остатоците од двоконхална црква Св. Никола, а во јужниот дел на наоѓалиштето се протега некрополата. Во бугарската и македонската книжевност се идентификува со Главеница, светиклиментовото второ дејносно место.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 248, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Манастириште — средновековна црква; Св. Димитрија — средновековна црква и некропола; Издеглавје; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Издеглавје