мини|Кетрин Хепберн во Наеднаш, минатото лето“ „Наеднаш, минатото лето“ (англиски: Suddenly, last summer) — британско-американски филм од 1959 година, во режија на Џозеф Л. Манкиевиц (Joseph L. Mankiewicz). Филмот е снимен според истоимената драма на Тенеси Вилијамс. Главните улоги ги играат: Елизабет Тејлор, Кетрин Хепберн, Монтгомери Клифт и Алберт Декер. Во 1960 година, филмот бил номиниран за „Оскар“ во три категории, а Тејлор освоила „Златен глобус“.IMDb, Suddenly, Last Summer (1959)Awards (пристапено на 7.5.2020)
Содржина Д-р Џон Кукровиц (го игра Клифт) е млад доктор во психијатриска клиника во Њу Орлеанс кој извршува операции во многу тешки услови. Меѓутоа, во болницата пристигнува понудата од богатата вдовица Вајолет Венабл (ја игра Хепберн) која сака да донира пари, но под услов д-р Кукровиц да изврши лоботомија на нејзината внука Кетрин Холи (ја игра Тејлор), која е затворена во манастирска болница поради нејзините психички проблеми. Во разговорот со д-р Кукровиц, Венабл му кажува дека Кетрин страда од хистерија и дека е многу агресивна, така што операцијата треба да ја смири. Д-р Кукровиц стапува во контакт со Кетрин и почнува да ја лечи, сфаќајќи дека намерата на Венабл не е чесна. Низ разговорите, тој дознава дека, претходното лето, Кетрин била заедно со Себастијан, синот на Вајолет Венабл, кој ненадејно умрел од срцев удар. Вајолет, која е опседната со споменот на својот син, ја смета Кетрин одговорна за смртта на Себастијан, а Кетрин пак никако не може да се сети што се случило тогаш. Затоа, д-р Кукровиц ги соочува Кетрин и Вајолет и тогаш Кетрин ја раскажува вистинската случка: еден топол ден, прогонет од локалните момчиња, Себастијан се искачил на врвот од еден рид и таму колабирал, како последица на срцевите проблеми до кои страдал, а потоа момчињата го растргнале неговото тело. Вајолет, целата во шок, си заминува во својата соба при што на д-р Кукровиц му се обраќа како Себастијан.IMDb, Suddenly, Last Summer (1959) (пристапено на 7.5.2020) Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1959 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на Џозеф Л. Манкиевиц Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њу Орлеанс Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Шпанија Категорија:Филмови со Кетрин Хепберн Категорија:Филмови со Елизабет Тејлор Категорија:Филмови со Монтгомери Клифт Категорија:Филмови со Алберт Декер Категорија:Филмови засновани на книги Категорија:Филмови на Columbia Pictures