Блатец — археолошко наоѓалиште во кумановското село Бајловце. Претставува средновековна населба и некропола. На левиот брег на суводолицата Стеванце, околу 1,5 км југозападно од селото во нивите на двајца жители, спорадично се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Присуството на големи камени плочи упатува на постоење на некропола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 205, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Високо — градиште од средниот век; Далјан Бозовиќ — средновековна некропола; Рамњанска Драка — средновековна населба; Бајловце; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Бајловце