Прабугарскиот календар бил календарски систем користен од Прабугарите, полуномадски народ, со потекло од Средна Азија, кој од II век па наваму живеел во евроазиските степи северно од Кавказот и околу бреговите на реката Волга. Во 681 година, дел од Прабугарите се населиле на Балканскиот Полуостров и ја основале Првата Бугарска Држава.

Главниот извор на информации што се користи за реконструкција на прабугарскиот календар е краток препис од 15 век на црковнословенски наречен Именик на бугарските ханови, кој содржи 10 пара календарни термини. Дополнително, истиот датумски систем се користи во маргинална нота во ракопис од монахот Тудор Доксов од 10 век и во чаталарскиот натпис од бугарскиот владетел Омуртаг од IX век (вл. 814-831), кој исто така прикажува римско (ромејско) императорско датирање. (индикт). Според реконструираниот календар, Прабугарите користеле 12-годишен цикличен календар сличен на оној што го усвоиле туркиските народи од кинескиот календар, со имиња и броеви што се дешифрираат како на прабугарски јазик.Образуване на българската държава. проф. Петър Петров (Издателство Наука и изкуство, София, 1981) стр. 171. Читањето, заедно со самата интерпретација на „цикличниот календар“, првично го предложил финскиот славист Јоосепи Јулиус Микола во 1913 година. Подоцна, имало различни модификации и елаборации во текот на 20 век од научници како Геза Фехер, Омелјан Прицак, Моско Москов и други научници.Zlatarski, Vasil. 1918. Istoriya na balgarskata darzhava prez srednite vekove. Balgarsko letobroene (in Bulgarian). Петар Добрев, кој ја поддржува "иранската" маргинална теорија за потеклото на Прабугарите, тврди дека туркиските имиња на животните покажуваат дека туркиските народи ги позајмиле овие зборови од иранските Прабугари.Inscriptions and Alphabet of the Proto-Bulgarians, by Peter Dobrev

Реконструкциите се разликуваат малку, затоа што некои од имињата не се проверени, а точната форма на неколкумина е дискутабилна. Следниот список се заснова на описот на Моско Москов за просечното претежно толкување, како и на неговата сопствена реконструкција и ги зема предвид постојните несогласувања:Именник на българските ханове – ново тълкуване. М.Москов. С. 1988 г. § 80,70

Глушец (на прабугарски: Сомор) Вол (на прабугарски: Шегор) Несигурно, веројатно Тигар/Волк (На прабугарски: Вер?) Зајак (на прабугарски: Дван[ш]) Несигурно, веројатно Змеј (На прабугар: Вер[ени]?) Змија (на прабугарски: Дилом) Коњ (на прабугарски: Имен[шегор] ?) Овен (На прабугар: Теку[чимем] ?) Недокажан, веројатно Мајмун Кокошка или петел (на прабугарски: Тох) Куче (на прабугарски: Ет) Свиња (на прабугарски: Дохс)

Наводи и белешки

Надворешни врски Компјутерски модел на бугарскиот календар и споредба со грегоријанскиот календар Бугарски сонцов-јупитеров календар Статија за бугарскиот календар Книга за Прабугарите Еднажден Перипетиите на календарот

Категорија:Прво Бугарско Царство Категорија:Бугарска култура Категорија:Поединечни календари