мини| Потокот Арастрадеро () е сезонски поток во должина од 3,9 km во округот Санта Клара, Калифорнија, САД. Неговата насока на течење е во североисточен правец. Изворот му се наоѓа во Палоалтовските ридови под Сантакрушките планини. Неговиот тек е во природниот резерват Арастрадеро сè до утоката во потокот Матадеро. Овој поток е дел од сливното подрачје на Санфранцискиот Залив.
Наводи
Категорија:Реки во северна Калифорнија Категорија:Сливно подрачје на Санфранцискиот Залив