Основно училиште „7 Март“ (официјално: Основно општинско училиште „7 Марси“ - Челопек; скратено: ООУ „7 Марси“) — централно основно училиште во тетовското село Челопек, Општина Брвеница.

Училиштето е именувано по денот на албанските наставници 7 Март.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во тетовското село Челопек.

Историја

Централното училиште било изградено во 1982 година, а како посебно училиште било основано во 1985 година.

Во минатото училиштето се викало Братство-Единство, за потоа да се преименува во Братство. Подоцна локалните Албанци поднеле барање за преименување до Министерството за образование. Предложеното име, инаку го одбележува Денот на албанските наставници, кој всушност е датумот на кој е отворено првото училиште на албански јазик во историјата.

Во текот на 2006 година, наставата била во прекин за македонските паралелки, бидејќи македонските ученици биле напаѓани и малтретирани од албанските ученици или група повозрасни жители (Албанци), поради што учениците и нивните родители ја бојкотирале наставата.

Во 2008 година, во училиштето повторно имало бојкот, откако биле назначени двајца директори истовремено.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански и на македонски наставен јазик во 33 паралелки, од кои 2 комбинирани.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „7 Март“ - Долен Челопек, подрачно деветгодишно училиште на албански наставен јазик; ПУ „7 Март“ - Милетино, подрачно деветгодишно училиште на албански и на македонски наставен јазик; и ПУ „7 Март“ - Блаце, подрачно певетгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Основни училишта во Општина Брвеница Категорија:Челопек (Тетовско) Челопек Категорија:Основни училишта во Македонија