Св. Јован — археолошко наоѓалиште во кумановското село Макреш, Општина Старо Нагоричане. Претставува средновековна некропола. На северно источниот раб на селото, помеѓу патот и реката се откриени камени плочи од гробни конструкции - тип циста. Камените плочи биле откриени и во 1942 година при изградбата на селскиот пат.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 214, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — населба од енеолитското, железното време и раноантичкото време; Петрково — некропола од римското време; Црквиште — средновековна црква; Макреш; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи