Полувреме на елиминација (полувреме на излачување или биолошко полувреме) e време кое е потребно некоја материја (лек, радиоактивен елемент и друго) да ги изгуби половина од своите фармаколошки, физиолошки или радиолошки активности (-{MeSH}- definicija). Во медицински контекст, полуживот исто така може да се опише како време кое е потребно на концентрација на супстанца во крвната плазма да се преполови.

Полувреме на елиминација е важен фармакокинетички параметар и обично се обележува како t1/2, a понекогаш и како -{b1/2}- да би се разликувал од времето на полураспад на радиоактивните елементи.Lejla Saračević: Veterinarska radiobiologija sa radijacionom higijenom, Univerzitetski udžbenik, Sarajevo 1999. godina. Додека радиоактивните изотопи се распаѓаат по принципите на кинетиката, пак брзината на распадањето им е рамномерна, излачувањето на материјата од жив организам се заснова на многу покомплексни принципи, поради акумулација во ткивата, присуствата на активните метаболити, и интеракции со рецепторите, пак е многу потешко да зе измери.

Примери Вода Биолошкиот полуживот на водата во човек е околу 7 до 14 дена. Конзумација на големи количини на алкохол го редуцира биолошкиот полуживот на водата во тело . Тоа може да се користи за деконтаминација на луѓето кои се контаминирани со трициумска вода (трициум).

Алкохол Отстранување на етанолот (алкохол за пиење) со помош на оксидација на алкохолна дехидрогеназа во црниот дроб е ограничено во човечкото тело. Поради таа причина отстранувањето на поголемите количини на алкохол од крвта може да следи со кинетика на нултиот сепен. Реакциски чекор кој ја ограничува брзината на разложување на една супстанца може да биде заеднички со други супстанци. На пример, концентрацијата на етанолот во крвта ја условува кинетиката на метанолот и етилен гликолот. Оксиацијата на метанол во токсичен формалдехид и киселина на мравки може да се спречи со внес на соодветна количина на етанол во телото на личноста која е затруена со метанол. Метанолот е многу токсичен и може да предизвика слепило и смрт. Личноста која е затруена со етилен гликол може да биде третирана на ист начин.

Лекови Супстанции Полуживот ЗабелешкаАмиодарон 26-107 денаЦисплатин 30 до 100 часаХлорамбуцил 1.53 часаДигоксин 36 до 48 часаФлуоксетин4 до 6 денаАктивен метаболит на флуоксети е липофилен и споро мигрира од мозокот во крвта. Метаболитот има биолошки полуживот од 4 до 16 дена.Метадон15 до 60 часа, во ретки случаи до 190 часа.Норепинефрин 2 минутиОксалиплатин 14 минутиСалбутамол1.6 часа

Метали Полувреме на елиминација на цезијумот кај луѓето е помеѓу еден или четири месеци. Овој период може да биде скратен со внесот на тегет. Таа супстанца во дигестивниот систем делува како цврст разменувач на јони кој ги апсорбира цезијумските и ги ослободува калиумските јони. Полониумот во телото има полуживот од 30 до 50 дена. Живата (како метил-жива) во телото има полуживот од околу 65 дена. Оловото во коските има полуживот од околу десет години. Кадмиумот во коските има полуживот од околу 30 години. Плотониумот во коските има полуживот од околу 100 години. Плутониумот во црниот дроб има полуживот од околу 30 години.

Поврзано Време на полураспаѓање

Наводи

Литература

Надворешни врски -{Biological Half-life}-

Категорија:Фармакокинетика Категорија:Радиохемија