13 век — век кој траел од 1 јануари 1201 до 31 декември 1300 година, според грегоријанскиот календар. Во историјата на европската култура, овој период се смета за дел од развиениот среден век. Монголското Царство го доживеало својот подем, а по неговите освојувања во Азија, царството се протегало од Источна Азија до Источна Европа.

Настани 1200-ти thumb|десно|150п|Џингис Хан thumb|десно|150п|Бонифациј Монфератски е избран за водач на Четвртата крстоносна војна. Слика од Анри Декен, 1840 година, Версај 1200 - почеток на династијата која владеела со Тавантинсују, првиот Сапа Инка Манко Капак. 1200 - Монголците ја освојуваат Северна Кина. 1201 - Бонифациј Монфератски е избран за водач на Четвртиот крстоносен поход, по смртта на Теобалд III. 1202 - Битка кај Басијан: Грузијците ги поразуваат Селџуците. 1202 - Опсада на Задар: Во првата голема акција на крстоносната војна, крстоносците го опседнуваат и освојуваат Задар во Далмација. Крстоносците не можат да ги платат трошоците на Република Венеција за нејзините придонеси во Крстоносната војна поради кое крстоносците се согласуваат да го предадат градот на Венеција како нејзин економски соперник, и покрај писмата од Папа Инокентиј III кои забранува таква акција под закана за изопштување. Ова е прв напад врз Католичката црква од страна на католичките крстоносци. 1202 - Данците започнуваат крстоносна војна во Финска, која ја води архиепископот Андерс Сонсен и неговиот брат. 1203 - Армијата на Крстоносците го окупираат Цариград. Византискиот цар Алексиј III Ангел побегнува од главниот град во егзил. 1204 - Крстоносците го освојуваат Цариград. Градот е изложен на големи грабежи кои траат три дена. Силите на Република Венеција ги ограбуваат античките статуи кои денеска се познати како Коњите на Свети Марко. Болдвин I е крунисан од цар на Латинското Царство. Теодор I Ласкарис побегнува во Никеја по падот на Цариград и го воспоставува Никејското Царство. Византија престанува да постои. На местото на нејзината територија се основани неколку византиски наследни држави како Епирското Деспотство и Трапезунтското Царство. Бонифациј Монфератски, водач на Четвртата крстоносна војна, го основа Солунското Кралство. 1205 - Битка кај Одрин: Бугарија го победува Латинското Царство. 1206 - Џингис Хан го започнува своето владеење со Монголското Царство. 1207 - Откриен е првиот доказ за принудени заеми во Венеција. Оваа техника станува главен елемент на јавните финансии во Европа, до XVI век. 1209 - Џингис Кан го освојува Тангутското Царство. 1209 - Катарска крстоносна војна против Катарите.

1210-ти thumb|десно|150п|Опсада на Дамиета thumb|десно|150п|Големата повелба thumb|десно|150п|Фридрих II со муслиманскиот владетел ел-Камил 1210 - Ливонска крстоносна војна - Битката кај Умера: Естонските сили го поразуваат Ливонското братство на мечот. 1211 - Византиско-селџучки војни: Битка кај Антиохија на Меандер во Анадолија - Силите на Никејското Царство под Теодор I Ласкарис ги поразуваат оние на Селџуците, чиј водач, Кајхусрав I, е убиен на бојното поле. 1212 - Битка кај Навас де Толоса: Христијанските кралства на Шпанија решително ги поразуваат Алмохадите, а победата го турнува Кралство Кастиља во тешка финансиска состојба, бидејќи бројни војници треба да бидат платени за походот. 1212 - Фридрих II е крунисан за крал на Германија, со поддршка на Папа Инокентиј III. 1213 - Битка кај Муре: Тулушките и арагонските сили на Ремон VI Тулушки и Петар II Арагонски се поразени од Симон де Монфорт во текот на Катарската крстоносна војна. 1214 - Битка кај Бувен: Филип II ја поразува војската на Светото Римско Царство, англиски и фламански војници предводени од Отон IV, завршувајќи ја Англо-француската војна (1202-14).. 1215 - Во јуни кралот Јован под притисок на бунтовничките барони бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата (латински: Magna Carta Libertatum). Со неа се ограничела моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија. 1216 - Прва баронска војна: Англиската армија го вратила Берик на Твид и извршила напади во јужна Шкотска 1217 - Прва баронска војна во Англија: Француските сили се поразени во Битката кај Линколн, од страна на англиските кралски војници предводени од Вилијам Маршал. 1217 - Петта крстоносна војна, Реконквиста: кралот Алфонсо II Португалски го освојува градот. 1218 - Дамиета е ставена под опсада во текот на Петтата крстоносна војна од страна на крстоносците, и освоена следната година. 1219 - Ливонска крстоносна војна: Данските крстоносци, предводени од кралот Валдемар II Дански, го освојуваат Талин по Битката кај Линданисе. Нивното упориште во Талин ќе им помогне на Данците да ја освојат целата северна Естонија.

1220-ти

1220 - Исламските земји во Средна Азија се освоени од војските на Џингис Кан. 1221 - Маите од Јукатан започнуваат револт против владетелите на Чичен Ица. 1222 - Отокар I ги обединува Бохемија и Моравија. 1222 - Издадена е Златна була во Унгарија, според која се ограничува моќта на монархијата над благородништвото. 1223 - Битка на река Калка: Монголските сили на Џингис Кан ги победуваат Русите. 1223 - Битка кај Самара Бенд: Волшките Бугари ја поразуваат армијата на Монголското Царство. 1224 - Последните муслимански жители се протерани од Сицилија и Малта. 1226 - Кралот Луј VIII започнува голема јужна офанзива против Катарите и Грофовија Тулуза. Рамон Беренгер IV ја користи можноста да го потврди својот авторитет над автономните општини на своите територии. Повеќето градови мораат да го прифатат авторитетот на грофот, но Марсеј и Ница се спротивставиле. 1227 - Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот и нивните сојузници на крстоносците го преминуваат морскиот мраз од копното на Естонија и ги поразуваат последните естонски упоришта на Муху и Саремаа. Ова го означува крајот на естонскиот поход во Ливонската крстоносна војна. Данска Естонија и Талин ги добиваат своите градски права. 1228 - Крстоносците се собираат во Бриндизи на чело со царот Фридрих II, за започнување на Нова крстоносна војна. 1228 - Абу Закарија ја основа Хафсидската династија во Ифрикија (денес Тунис). 1229 - Шеста крстоносна војна: Фридрих II потпишува десетгодишно примирје со ел-Камил, враќајќи го Ерусалим, Назарет и Витлеем. 1229 - Парискиот договор доведува до крај на Катарската крстоносна војна. 1229 - Огатај-кан е прогласен за кан на Монголското Царство.

1230-ти thumb|десно|150п|Битка кај Клокотница: Бугарскиот цар Иван Асен II го заробува Теодор Ангел Дука Комнин thumb|десно|150п|Големата џамија во Кордоба е претворена во римокатоличка катедрала.

1230 - Битка кај Клокотница: Бугарскиот цар Иван Асен II го поразува Теодор Ангел Дука Комнин. По ова, Бугарија бргу ја проширила контролата врз повеќето територии на Теодор во Тракија, Македонија и Албанија. Латинското Војводство Филипопол и независното кнежевство на Алексиј Слав, исто така, биле припоени кон Бугарија. 1230 - По враќањето на Фридрих II, папските трупи го напуштаат Неапол а царот склучува мир со Папа Григориј IX, повлекувајќи јо изопштувањето. 1231 - Освоен е градот Согут од страна на Ертугрул, татко на Осман I, основачот на Отоманското Царство. 1232 - Во Кина започнува опсада на престолнината Кајфенг против монголските сили. Следната година, градот е освоен. 1233 - Кастилските војници го опседнуваат муслиманскиот град Пењискола. 1234 - Регионот каде живееле Мандените, кренале востание против Царство Сосо. Ова е почеток на процесот кој ќе доведе до подем на Царство Мали. 1235 - Општа инквизиција започнува во Франција. 1235 - Византискиот цар Јован III Дука Ватац и бугарскиот цар Иван Асен II започнуваат опсада на престолнината на Латинското Царство, Цариград. Анџело Сандо успешно преговара за двегодишно примирје. 1236 - Кордоба е освоена од кастилските војници, како дел од Реконквистата на Пиринејскиот Полуостров. Големата џамија е претворена во римокатоличка катедрала. 1236 - Волшка Бугарија е освоена од страна на монголските сили на чело со Бату-кан. 1237 - Бату-кан со сила од околу 150.000 Монголци, Турци и Персијци ја продолжува инвазијата кон Русија и Европа. 1237 - Битка кај Кортенова: Фридрих II го поразува Ломбардскиот Сојуз. 1238 - Јаков I го освојува градот Валенсија од Маврите, кои се повлекуваат во Гранада. 1239 - Папа Григориј IX дава согласност за крстоносна војна против муслиманското кралство Мурсија.

1240-ти thumb|десно|150п|Потпишан договорот од Алмирза за распределба на освоените територии по крајот на Реконквиста

1240 - Битка кај Нева: Рускиот принц Александар Невски ги поразува Швеѓаните, спасувајќи ја Новгородската Република од целосна непријателска инвазија од север. 1241 - Монголската инвазија на Полска): Монголските сили ги победуваат феудалните полски армии на провинциите Сандомјеж и Краков. 1241 - Битка кај реката Шајо: Бату-кан и Субутај ги победуваат силите на Бела IV. Битката е последниот голем настан во Монголската инвазија на Европа. 1242 - За време на Битката на мразот на езерото Пејпус, руските сили, предводени од Александар Невски, ја одбиле инвазијата на Тевтонските витези. 1243 - Фердинанд III Кастилски ја претвора Мурсија во протекторат и го иницира процесот на колонизација и христијанизација на регионот.Кастилските војници пристигнуваат во Мурсија, за поддршка на династијата Хадит 1244 - Со договорот од Алмирза, кралот Јаков I и Алфонсо Х Кастилски постигнуваат договор за распределба на муслиманските земји по крајот на војната 1244 - Опсадата и падот на Ерусалим води кон Седма крстоносна војна. 1245 - Папа Инокентиј IV го испраќа Џовани Плано Карпини во монголскиот двор за да им сугерира да го прифатат христијанството и да се приклучат на Крстоносните војни. 1247 - Побуна се јавува помеѓу муслиманитте во Кралство Арагон, во регионот на Валенсија. Како казна, царот издава наредба за протерување на муслиманите од неговото царство, што во следната година доведува да голем број муслимани заминат во егзил кон Кралство Гранада и Северна Африка. 1248 - Кралот Луј IX започнува Седма крстоносна војна, со армија од 20.000 за освојување на Египет. 1249 - Крај на португалската Реконквиста.

1250-ти thumb|десно|150п|Луј IX Светиот за време на Седмата крстоносна војна thumb|десно|150п|Опсадата на Багдад thumb|десно|150п|Роберт де Соборн го основа денешниот Париски универзитет 1250 - Светски климатски транзиции од Средновековен топол период до мала ледена доба. Светското население се проценува на околу 400 до 416 милиони лица. 1250 - Битка кај Фарискур: Луј IX е заробен од муслиманските сили. Кралот Луј е ослободен од неговите египетски киднапери, откако плаќа откуп од милион динари. 1250 - Умира Фридрих II, Цар на Светото Римско Царство. По неговата смрт започнува 23-годишен интерегнум. Фридрих II е последниот римски цар од Хоенштауфеновците. По крајот на војната, царството преминува под власта на Хабсбурговците. 1251 - Започнување на Првата пастирска крстоносна војна во Франција. 1251 - Монгке-кан е избран за четврти кан на Монголското Царство. 1252 - Папа Инокентиј IV издава ја папската була Ad extirpanda, давајќи дозвола на мачење на кривоверците за време на инквизицијата. Тортурата брзо добива широко распространета употреба во католичка Европа. 1253 - Серија поморски војни започнува помеѓу италијанските град-држави Џенова и Венеција, кои ќе продолжат до 1371. 1254 - Кралот Луј IX, откако ги исцрпил своите средства и бил потребен во својата земја, ја напушта Седмата крстоносна војна, и се враќа во Франција. 1255 - По смртта на Бернардо Бонсињори, неговиот брат, Орландо останува единствен директор на најголемата банкарска фирма во Западна Европа, Гран Тавола во Сиена 1256 - Монголскиот командант Бајџу Нојан (кој дејствува под команда на Хулагу-кан ги предводи своите сили во победата над Иконискиот Султанат со што ја освојува Анадолија.