Иксел Османовски (роден на година во Малме) — поранешен шведски фудбалер со македонско потекло, кој играл на позицијата напаѓач.

Биографија Османовски е роден во Малме, како дете на македонски мигранти од Ресен, а израснал во Русенгорд. Во истото тоа гратче подоцна израснал и познатиот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој вели дека Османовски е фудбалерот од кој се инспирирал и дека сака да ги следи стапките на Иксел и да игра во Италија.

Кариера Клупска кариера Својата фудбалска кариера Османовски ја започнал во Малме. Откако поминал 8 години во младинските категории, своето деби за првиот тим во Алсвенскан го направил во 1995 година, но тоа му бил единствениот настап во таа сезона. Во 1996 година тој одиграл 20 натпревари, постигнувајќи 5 гола, додека во 1997 година го поправил својот учинок на 10 гола во 26 настапи.

Во летото 1998, Османовски потпишал за италијанскиот Бари. Своето деби во Серија А го направил на 13 септември 1998, во првото коло од сезоната 1998-1999, во натпреварот Бари-Венеција 1-0 играјќи како стартер но бил заменет уште на полувремето. Својот прв гол во дресот на Бари го постигнал во ремито 2-2 на гостувањето кај . Неговата прва година во Италија ја завршил со 31 настап и 6 гола; тој најчесто бил користен како втор напаѓач зад Фил Мaсинга, и го заработил прекарот „принц на везот“, поради неговата способност лесно да дрибла противнички играчи. Неговиот најдобар натпревар во дебитантската сезона во Бари бил на 21 март 1999, кога тој постигнал два гола на Сан Сиро против шампионот за таа сезона во ремито 2-2.

За време на сезоната 1999-2000, Османовски постигнал 7 гола во Серија А и бил најдобар стрелец на Бари, помагајќи му на клубот од Апулија да опстане во лигата. Сепак, веќе во следната сезона Бари испаднал во Серија Б, завршувајќи на последното 18-то место; Османовски постигнал само еден гол на 30 натпревари.

По испаѓањето на Бари од Серија А, Османовски потпишал за . Иако тој постигнал гол уште на своето деби за биковите во ремито 2-2 на гостувањето кај , по само 9 настапи (и еден гол) заминал на позајмица во во јануари 2002 година. Сепак, искуството во Франција за него било уште полошо: забележал само 7 настапи во сите натпреварувања (без постигнат гол) и тоа главно влегувајќи од клупата на која и го поминал најголемиот дел од својот престој во Бордо.

Во сезоната 2002-2003 тој се вратил во Торино, но и овој пат тој не бил многу среќен: играл малку, само во 13 наврати без да може да постигне ниту еден гол. Во август 2004 година, се вратил во Шведска повторно во екипата на Малме. Својата кариера ја завршил во февруари 2008 година, откако не му бил обновен неговиот договор со клубот.

Репрезентативна кариера Османовски бил член на шведската репрезентација под 21 година со која настапил на Европското првенство 1998. Тој играл како стартер во сите три натпревари на Шведска (без постигнат гол), а швеѓаните го освоиле шестото место на турнирот.

Своето деби за сениорската репрезентација Османовски го направил на 24 јануари 1998, против , во пријателски натпревар одигран во Орландо. Својте први и единствени два гола за шведската репрезентација ги постигнал на 27 мај 1999, против во победата со 2-1, исто така во пријателски натпревар. Во јуни 2000 година, бил повикан да учествува на Европското првенство 2000, каде одиграл два натпревари а Шведска била елиминирана уште во групната фаза.

Вкупно за шведската сениорска репрезентација одиграл 15 натпревари и постигнал два гола.

Хронологија на репрезентативните настапи

Наводи

Надворешни врски

Иксел Османовски на soccerway Иксел Османовски на transfermarkt Иксел Османовски на espn Иксел Османовски на whoscored

Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонци во Шведска Категорија:Фудбалери на ФК Малме Категорија:Фудбалери на ФК Бари Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери во Серија А