Карл Фредрик Јунгберг (роден на година во Витсје) — шведски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, . Моментално е асистент тренер на .

Јунгберг ја започнал својата кариера во Халмштад, а потоа ја продолжил во Арсенал каде го поминал поголемиот дел од неа. За време на својот период со топџиите освоил неколку трофеи вклучувајќи две титули во Премиер лигата и три ФА Купа. По заминувањето од Арсенал во 2007 година, тој поминал една сезона во , а потоа имал и кратки периоди во САД во МЛС лигата каде настапувал за и , потоа во Шкотска во дресот на Селтик и во Јапонија со Шимицу С-Пулс, а кариерата ја завршил во 2014 година со индискиот Мумбај Сити.

Јунгберг има 75 настапи и 14 голови за во периодот 1998-2008. Тој ја претставувал својата земја на три Европски првенства во 2000, 2004 и 2008 и на две Светски првенства во 2002 и 2006. Исто така бил и капитен на репрезентацијата од 2006 година, па сè до своето повлекување во 2008 година.

Јунгберг, исто така, работел како модел за долна облека за Келвин Клајн. Претходно тој претставувал брендови како Најк, Procter & Gamble, L'Oreal, Пума, Beats, ESPN и Пепси.

Биографија Семејство Јунгберг е роден на 16 април 1977 во Витсје, како син на Рој Ерлинг Јунгберг и Елисабет Бодил Јунгберг. Неговиот татко бил сопственик на градежна компанија, додека мајка му била вработена во шведскиот оддел за труд. Фредрик има помал брат Карл Оскар Филип роден во 1984 година. Во 1982 година, семејството Јунгберг го напуштило Витсје и се преселило во Халмштад.

Детство По преселбата во Хамштад, Јунгберг ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на ФК Халмштад, каде тренер во младинскиот тим му бил Оле Ериксон. Впечатокот на Ериксон за младото момче бил дека тој е неверојатно талентиран за својата возраст и дека е повеќе посветен и помалку себичен од другите играчи, истакнувајќи дека Јунгберг секогаш ќе ја додаде топката на своите пријатели, како би имале шанса да постигнат гол. Тој ги истакнал бразилскиот фудбалер Сократес и неговиот тренер Ериксон како фудбалери кои имале најголемо влијание врз неговата кариера во детството. Во својата рана возраст, Јунгберг покрај фудбал играл и хокеј на мраз и ракомет, но на крајот се определил за фудбалот.

Сопруга и деца Јунгберг, се оженил на 9 јуни 2014 година со својата долгогодишна партнерка Натали Фостер, со која се запознал во 2007 година. Тие имаат две деца.

Останато

Додека играл во Англија, Јунгберг бил познат по прекарот Фреди (што претставува англиска верзија на неговото родно име).

Во 2003 година, тој потпишал договор како машки модел за долна облека за Келвин Клајн, пред една светска кампања која станала една од најуспешните на Клајн досега. Покрај тоа, тој бил спонзориран од спортската компанија Најк и се појавил во неколку реклами на оваа комапнија.

Технички карактеристики Многу разноврсен играч, кој играл речиси на сите позиции во средниот ред: најчесто како крило на двете страни од теренот, но исто така и како централен играч за врска во 4-5-1 формација, а доста добро, се снаоѓал и како втор напаѓач. По заминувањето на Емануел Пети и Марк Овермарс, Јунгберг станал постојан стартер во почетниот состав на Арсенал.

Клупска кариера Халмштад Во 1989 година, на возраст од 12 години, Јунгберг ги убедил својте тренери во Халмштад да го преместат од П12 во П14 екипата, што било против политиката на клубот во тоа време. На 14 години, тој се приклучил на јуниорскиот тим под водство на тренерот Роберт Нордстром. Неговата упорност се исплатела затоа што три години подоцна тој бил преместен во сениорскиот тим.

Своето деби за првиот тим на Халмштад го направил на 23 октомври 1994 година, против АИК во Алсвенскан. Во 1995 година, Јунгберг одиграл 31 натпревар во кои го постигнал и својот прв гол како професионален играч. Истата година, со Халмштад го освоил Купот на Шведска. Во 1997 година, Халмштад ја освоил титулата во Алсвенскан додека Јунгберг имал важна улога за успехот придонесувајќи со 5 гола во 24 настапи, и покрај тоа што пропуштил дел од натпреварите поради повреди.

Вкупно за Халмштад одиграл 139 натпревари и постигнал 16 голови. Во 1998 година, бројни клубови покажале интерес за него меѓу кои биле и , , , и .

Арсенал

Во 1998 година, Јунгберг потпишал за за 3 милиони фунти. Скаутите на Арсенал го следеле Јунберг повеќе од една година, а менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, ја дал својата согласност за потпишување на играчот, откако го гледал на телевизија како игра за во нивната победа против во квалификациите за Европското првенство 2000. Јунгберг се вклопил во тимот на Арсенал без потешкотии и ја докажал својата класа уште на своето деби на 20 септември, постигнувајќи гол во дербито против што завршило 3-0 за Арсенал. Тој влегол од клупата за резерви на местото на Николас Анелка во 79-тата минута и само пет минути подоцна ја сместил топката во мрежата на црвените ѓаволи. Јунгберг забележал 21 настап (и еден гол) во сите натпреварувања за Арсенал во неговата прва сезона во клубот, и 43 (и 8 гола) во втората сезона помагајќи им на топџиите да го освојат трофејот во Черити Шилд. Тој исто така дал важен придонес во Купот на УЕФА, каде постигнал еден гол во победата со 2-0 на домашен терен над во четвртфиналето, меѓутоа бил приморан да го пропушти финалето против поради повреда на ребрата. На крајот од неговата трета сезона во Арсенал, 2000-2001, Јунгберг играл со својот тим во финалето на ФА Купот 2001 против и со својот гол го отворил резултатот во финалето носејќи го Арсенал во водство од 1-0, но во самата завршница со два гола на Мајкл Овен Ливерпул го свртел резултатот и го освоил трофејот. Јунгберг станал првиот играч кој постигнал гол во финале на ФА Купот одиграно надвор од Англија, бидејќи ова било и првото финале од неколкуте одиграни на стадионот Милениум во Кардиф.

За време на сезоната 2001-2002, Јунгберг ја имал својата најдобра година во Арсенал постигнувајќи 17 гола (од кои 12 биле во Премиер лигата) на 39 натпревари во сите натпреварувања, придонесувајќи за освојувањето на двојната круна на „топџиите“: Премиер лигата и ФА Купот. Тој особено влегол во добра форма кон крајот на сезоната, кога по повредата на Робер Пирес започнал да го менува французинот играјќи на неговата позиција како десно крило. Во месец април Јунгберг постигнал гол во секој од натпреварите на Арсенал во Премиер лигата во тој месец, вклучувајќи ги и двата гола против во победата со 2-0, со што дошол до бројката од 6 гола во 5 натпревари за тој месец. Сите тие пет натпревари во кои Јунгберг бил стрелец биле добиени од страна на неговиот тим. Како резултат на својата одлична форма бил избран за Играч на месецот во Премиер лигата за април 2002, а потоа бил избран и за Играч на сезоната во Премиер лигата. Тој исто така, го постигнал вториот гол за Арсенал во победата со 2-0 над во финалето на ФА Купот 2002, со што станал првиот играч по повеќе од 40 години кој постигнал гол во две последователни финалиња на овој турнир.

Во сезоната 2002-2003, Јунгберг му помогнал на Арсенал да стигне до третото последователно финале во ФА Купот. Тој го постигнал победничкиот гол во полуфиналето против Шефилд Јунајтед, и потоа го започнал финалето во почетната постава на Арсенал во кое тие го победиле Саутхемптон со 1-0. Токму по блокираниот удар на Јунгберг, топката се одбила до Пирес кој го постигнал победничкиот гол во финалето. За време на оваа сезона, тој го постигнал и својот прв хет-трик во дресот на Арсенал во победата со 4-0 на гостувањето кај Сандерленд во последното коло од Премиер лигата.

Јунгберг бил дел од тимот на Арсенал и во следната сезона, 2003-2004, кога тие станале The Invincibles (непобедливите) забележувајќи 30 настапи и 4 гола. Тој го постигнал победничкиот гол против во Севернолондонското дерби.

За време на сезоната 2004-2005, играл во своето четврто финале во ФА Купот, кога се појавил во игра од клупата за резерви и прецизно реализирал пенал во победата на Арсенал со 5-4 по изведување на пенали над Манчестер Јунајтед.

Во 2005 година, тој страдал од постојана повреда на колкот што довела до стравувања дека тој можеби заболел од карцином, кои биле неосновани. Подоцна се покажало дека тој страдал од труење во крвта, предизвикано од неговите големи тетоважи. За време на сезоната 2005-2006, тој се мачел со постојана повреда на глуждот, но и покрај тоа сепак играл за Арсенал во поразот со 2-1 од Барселона во Финалето на Лигата на шампионите одиграно во Париз на 17 мај 2006 година.

Својот последен натпревар во дресот на Арсенал го одиграл на 21 април 2007 година, во ремито 2-2 против Тотенхем на Вајт Харт Лејн; во овој натпревар Јунгберг бил изваден од игра во првото полувреме поради повреда.

Вкупно за Арсенал одиграл 328 натпревари и постигнал 70 гола. Во 2008 година, тој се нашол на единаесеттото место помеѓу 50-те најдобри играчи на „топџиите“ во една анкета.

Вест Хем Јунајтед На 23 јули 2007 година, по девет години во Арсенал, Јунгберг го напуштил клубот и им се приклучил на лондонските соперници Вест Хем Јунајтед потпишувајќи четиригодишен договор. Своето деби за Вест Хем го направил во првото коло од сезоната 2007-2008, во поразот на домашен терен од Манчестер Сити со 0-2 на 11 август; тој исто така бил капитен на чеканите во овој натпревар. Својот прв гол за клубот го постигнал на 9 февруари 2008, во ремито 1-1 на домашен терен против . Својот втор и последен гол во дресот на Вест Хем, Јунгберг го постигнал во поразот со 2-1 на гостувањето кај Сандерленд, месец дена подоцна.

Во летото 2008, тој го раскинал својот договор со Вест Хем, давајќи изјава во која вели: "Дадов се од себе во Вест Хем и уживав во моето време таму, но одлуката е најдобрата можна за двете страни. Сега, ќе одвојам време да ја разгледам мојата фудбалска иднина".

Сиетл Саундерс На 28 октомври 2008, Јунгберг официјално потпишал за новата франшиза во американската МЛС лига Сиетл Саундерс со правилото за назначен играч. Сепак, поради повреда тој морал да ги пропушти претсезонските подготовки на клубот во Аргентина, како и првото коло од МЛС 2009 против Њујорк Ред Булс. Тој го направил своето деби за Саундерс една недела подоцна, на 28 март 2009 година, влегувајќи како замена во 61-вата минута од победата со 2-0 над . На 4 април 2009, тој го забележал својот прв старт за американскиот клуб против , во кој го постигнал и првиот гол во МЛС.

Во јули 2009 година, Јунгберг бил избран за стартер во МЛС Ол-стар натпреварот заедно со неговиот тимски колега Кајси Келер. Изборот за Ол-стар тим се заснова врз основа на гласови од играчи, тренери, генерални менаџери, членови на медиумите и систем на гласање преку обожаватели на интернет. Јунгберг добил најмногу гласови кај навивачите, што било сведоштво за неговата популарност во МЛС. Јунгберг исто така бил назначен за капитен на Ол-стар тимот на МЛС во натпреварот против Евертон. Јунберг го одиграл целиот натпревар, но откако тој завршил нерешено 1-1 дошло до изведување на пенали, каде тој бил трагичар промашувајќи во последната серија и Евертон победил со 4-3 на пенали.

На 2 септември 2009, тој му помогнал на Сиетл да го освои својот прв трофеј во клупската историја, Отворениот куп на САД, победувајќи го во финалето со 2-1; Јунгберг го одиграл целиот натпревар. Тој исто така, им помогнал на да се пласираат во плејофот на МЛС купот, каде биле елиминирани од во конференциското полуфинале, со пораз од 0-1 на домашен терен по продолженија, откако двата натпревари претходно завршиле без голови 0-0.

Следната сезона Јунгберг одиграл 15 натпревари за Саундерс во МЛС, пред да го напушти клубот во средината на сезоната.

Чикаго Фајр